7 трикови кои позитивните луѓе ги користат за убав живот

Секој може да биде негативен, пробај да бидеш позитивен, бидејќи секој може да го мрази дождот, но не секој може да се радува и да танцува со него.

7-trikovi-koi-pozitivnite-lugje-gi-koristat-za-ubav-zivot-1

Секој може да гледа црно на животот, но ти можеш да бидеш оној што ќе ја привлече неговата белина со твојата насмевка и позитивен став.

Направи го тоа уште денес со помош на овие 7 трикови кои позитивните луѓе ги користат секој ден за поубав живот!

Имај желба за живот

Бидејќи тој што има желба за живеење, секогаш ќе има причина за која ќе се буди наутро, а таа причина ќе го одржува позитивен.


Биди реалист

Не гледај секогаш на негативен исход, но надевај се на позитивен, прифаќајќи ја реалноста и претворајќи ја во поволна ситуација од која ќе го влечеш само позитивното.


Експериментирај

Никогаш не задоволувај се со статус кво, никогаш не се откажувај од предизвици, бидејќи каде лежи предизвикот таму се наоѓа и позитивноста која доаѓа откако истиот ќе го исполнеме.

А, ќе го исполнеме само доколку експериментираме како да дојдеме до него.


Смири се, диши длабоко и насмевни се!

Бидејќи не добиваш ништо ако си под стрес, ако дишеш тешко и ако си намуртен, но добиваш позитивен став ако сето ова го правиш спротивно.


Спортувај

Практикувај трчање, јога, вежбање во теретана, смеење и се што мислиш дека би ја црпело твојата негативна енергија и би направило простор за позитивната која никогаш нема да те засити.


Води дневник

И запишувај ги сите работи кои те направиле среќен секој ден, а потоа пред да заспиеш читај ги и заспивај со насмевка.


Заблагодари се

За тоа што постоиш, заблагодари се за тоа што си жив, заблагодари се за тоа што си позитивен и ќе бидеш позитивен секогаш, бидејќи благодарноста е мајка на позитивноста.

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg