Мудра приказна: Зборовите рануваат, но и лекуваат

Еднаш, еден светец шетал низ природата и додека поминувал покрај малото село, му пришла расплакана жена, преколнувајќи го да дојде и да му помогне на нејзиното болно дете.

mudra-prikazna-zborovite-ranuvaat-no-i-lekuvaat-001

Тој отишол во селото и стотици луѓе се насобрале околу него, бидејќи ретко можело да се види таков човек. Му го донеле болното дете, а тој застанал над него и почнал да кажува молитва.

„Зар навистина мислиш дека твојата молитва ќе му помогне, кога ни медицината не успеа?“ – се развикал еден човек  од толпата.

„Што знаеш ти за овие работи? Ти си една обична будала!“ – му одговорил светецот на човекот.

Тој страшно се налутил, неговото лице поцрвенело и почнал да се мурти.

Таман сакал да каже нешто и да го нападне светецот, тој му пришол и му рекол: „Ако еден збор има толкава сила за да те разлути, зошто некој друг збор да нема моќ да излечи?“

Кога го слушнал тоа, човекот размислил и се смирил. Така, светецот во ист ден излечил двајца само со добри зборови.

Би можело да ве интересира:

10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg