20 ситни задоволства кои не ги забележувате

Барајќи ја постојано среќата во големите работи и големите случувања, често забораваме да им обрнеме внимание на малите работи и оние ситници кои нè прават среќни барем за момент.

20-sitni-zadovolstva-koi-ne-gi-zabelezuvate-01

Тоа се задоволства кои не можат да се купат со ниедни пари и не можат со сила да се добијат или предизвикаат секогаш кога ќе посакаме.

Затоа, потребно е да посветите повеќе внимание на секој момент од денот, бидејќи може да биде посебен на свој начин и да ве направи посреќни, дури и без да ви се случи нешто големо и значајно.

Сигурно ќе ви дојде убаво чувство кога ќе помислите на овие 20 ситници во кои често заборавате да уживате:

1. Излежување во креветот за време на викенд кога времето е дождливо и мрачно.

2. Кога цел ден чувствувате дека имате вода во увото и моментот кога ќе ви се отпушти.

3. Кога нешто ќе ви се заглави меѓу забите, цело време го чепкате со јазикот и успевате да го извадите.

4. Моментот кога ќе го здогледате келнерот дека доаѓа со вашата храна.

5. Широко отворање на прозорците во пролет, по долгата зима и благиот ветер кој ви влегува со мирис на цвеќе или свежо косена трева.

6. Оној краток момент кога лежите во креветот додека се будите и посакувате да можете уште малку да поспиете и во истиот момент гледате на часовникот и сфаќате дека имате уште цел час за спиење.

7. Кога ќе завршите некоја работа која не сте ја сакале, ви се симнува голем товар, ви олеснува и се чувствувате добро за постигнатата цел.

8. После викендот надвор од домот, враќањето во вашата бања.

9. Оној момент кога од срце ќе се изнасмеете на нечија сметка.

10. Кога ќе се разбудите одморени како да сте спиеле неколку дена.

20-sitni-zadovolstva-koi-ne-gi-zabelezuvate-2.jpg

11. Кога саканиот/та ве чешка по грбот.

12. Кога ќе ви ја погодат омилената песна на радио и кога завршува точно кога ќе се паркирате, да не мора да ја прекинувате.

13. Она откачено чувство кога го слушате крцкавиот звук на правосмукалката која собрала некој потврд предмет.

14. Чиста постелнина.

15. Смеењето. Постојано го правиме, па забораваме да се потсетиме колку уживаме додека се смееме.

16. Првата голтка вода по прошетката во топлите денови.

17. Соблекувањето на скиите по долг ден на снежните патеки.

18. Соблекувањето на мокрите и студени чорапи и облекување на суви и топли чорапи.

19. Легнување во топол кревет после туширање.

20. Здиплен куп од свежо испрана облека.

20-sitni-zadovolstva-koi-ne-gi-zabelezuvate-1.jpg

Имате вие некој ваков мал посебен момент кои ви прави задоволство?

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg