20 работи кои само девојките со постар брат ќе ги разберат
Да се има постар брат може истовремено да биде и предност и проблем. Најчесто е тешко да се биде неговата помала сестра, бидејќи многу пати знае да ти го ги отежни и наједноставните работи, но од друга страна пак, може да ти биде и од најголема помош, да те заштити и да ти биде најдобар пријател.
Честите караници како мали подоцна се претвораат во разговори и договори. Веќе се познавате доволно добро за да знаете и како да го добиете тоа што го сакате или како да се извлечете од некоја ситуација.
Секоја девојка која израснала со постар брат ќе се препознае барем во некои од овие ситуации:
1. Тоа што си женско не те спасува секогаш од неговите шеги
2. Скоро ништо не можеш да направиш на раат. Секогаш се појавува од некаде со некаков коментар.
3. Некои од твоите другарки се заљубени во него.
4. Сигурно и тебе барем еднаш ти се допаѓал некој негов другар.
5. Уште пред да почнеш нешто, тој смета дека секогаш ти е потребна неговата помош.
6. Колку и да се противиш, тој е секогаш тука кога ти треба.
7. Обожава „да те вади од памет“.
8. Обожава да се шегува на твоја сметка
9. Те заштитува и повеќе од тоа што треба.
10. „Добро“ и „Убаво“ се единствените негови одговори на прашањето „Како изгледам?“
Уште 10 интересни ситуации на следната страница...