Често сте навредени и лути? Одвојте 1 минута и прочитајте ја оваа приказна
Еден ученик го прашал својот учител: Толку си мудар, секогаш добро расположен, никогаш не се лутиш. Помогни ми и јас да станам таков.
Учителот се согласил и го замолил ученикот да донесе компир и една вреќа.
Кога ќе се налутиш на некој и ќе се навредиш, земи еден компир и на него напиши го името на човекот со кој си се скарал, а потоа стави го компирот со вреќата.
И тоа е сè? Зачудено прашал ученикот.
Не, му одговорил учителот. Потребно е да ја носиш со себе таа вреќа насекаде.
Ученикот се согласил. Поминало некое време, вреќата се наполнила со компири и станувала прилично тешка. Веќе било непријатно и невозможно да ја носи со себе. Плус, компирите почнале да се расипуваат. Некои изгниле и мирисале непријатно.
Тогаш ученикот повторно се обратил кај учителот.
Невозможно е ова да го носам со себе, вреќата е претешка, а и компирот се расипа.
Тоа се случува и во твојата душа, му одговорил учителот.
Кога ќе се налутиш на некој, кога ќе се навредиш, во твојата душа се создава товар кој на почеток не го забележуваш. Потоа товарот станува поголем. Постапките се претвораат во навики, а навиките во карактер. А, многу лесно би го заборавиле товарот да не го носиме секаде со себе.
Ти дадов можност од страна да го набљудуваш целиот процес.
Секој следен пат кога ќе решиш да се искараш, навредиш или да упатиш навреда, размисли дали тој товар ти е неопходен.