Она чувство на сеедно, кога не е повеќе едно!
Го имаш почувствувано ли она чувство на сеедно, во моментите на самостојност, кога сфаќаш дека сè зависи од тебе?
Тоа се оние моменти во кои простуваш, без да враќаш на лошото со уште полошо, бидејќи си одлучил она „сеедно“ да ја заврши работата на кармата.
Тоа се оние моменти во кои сфаќаш дека некои случки биле празни и лажни, некогаш исполнети и вистинити, но сепак непостоечки, изглумени.
Тоа се оние моменти во кои си посакал да го извадиш сиот гнев од себе, но не постои, на негово место легнало она чувство на сеедно.
Тоа се оние моменти во кои би сакал да пуштиш солза, но на нејзино место се појавува она чувство на сеедно кое ги задржува истите.
Тоа се оние моменти во кои би сакал дa им вратиш на сите кои ти погрешиле намерно или ненамерно, но наместо тоа си го кажуваш она сеедно со гласот на чувството кое те преовладува.
Тоа се оние моменти во кои би сакале да ги мразите сите кои ве повредиле, но сепак се мразите само себеси што сте им дозволиле да го направат тоа.
Во тие моменти сфаќате дека во крвта веќе ви тече она сеедно.
Во тие моменти ги бришете спомените, но не можете да го избришите она чусвство на сеедно кое се појавува секогаш кога ќе помислите на нив.
Во тие моменти посакувате сè да е како порано, посакувате сите кои не се тука повеќе, повторно да ја фатат вашата рака и да ви кажат дека ќе биде добро, но наместо тоа за рака го фаќате она сеедно бидејќи знаете дека тоа никогаш нема да ве напушти.
Ете тоа е она што никогаш нема да замине, она чувство на сеедно после моментите во кои сè било едно!
Автор: Д.М | Црнобело