40 начини да се заљубите во животот
За да бидете среќни, пред сè треба да го сакате животот. Да го живеете со полни гради и да знаете да уживате во секој момент. За тоа не се потребни само многу пари и големи случувања.
Треба да знаете да ја сакате секоја ситница, да ги прифаќате луѓето и да правите едноставни работи кои ви предизвикуваат радост.
Постојат многу начини за секојдневно да се вљубувате во животот:
1. Поставувајте им на луѓето реални прашања, за нивните страсти, желби, стравови, надежи и соништа.
2. Претставете се себеси! Бидете храбри!
3. Слушајте ги луѓето. Но, слушајте ги вистински.
4. Помогнете секому кога можете и на непознати и на најблиските пријатели. Не ја вртете главата настрана.
5. Почувствувајте ја возбудата. Дури и за најмала работа. За победата на вашиот тим, за новата епизода од омилената серија, за попустот во скапата продавница. Почувствувајте возбуда!
6. Посетете некој стар пријател. Не дозволувајте да се заборават некои стари пријателства. Потсетете се на некои од причините поради кои сте им благодарни и поради кои сте добри пријатели.
7. Отпатувајте на некое ново место. Дознајте нешто ново. Не мора да е тоа светска дестинација. Отидете во некој град во Македонија каде немате роднини и каде никогаш не сте биле.
8. Исклучете ги мобилните, таблетот и ајфонот кога разговарате со некого. Бидете присутни и со умот и со телото.
9. Најдете слободно време за пријателите и семејството.
10. Прегрнете некого. Раширете ги рацете и покажете им на луѓето околу вас дека ги сакате. Почувствувајте ги. Покажете им дека сте тука за нив.
11. Внесете емоции во она што уживате. Врискајте од радост, танцувајте, опуштете се и дозволете си да бидете поведени од омилената активност.
12. Покажете се во вистинско светло пред луѓето.
13. Не глумете некој друг, бидете искрени пред себе и пред другите. Дозволете да ве запознаат и да ве сакаат и добри и лоши и убави и грди.
14. Изразете ги вашите опции.
15. Покажете емоции и за она што се случува околу вас. Сочувствувајте со другите. Само така може да го сакате светот и животот.
16. Прифатете ги опциите на другите. Прашајте ги другите за мислење. Почитувајте ги. Учете едни од други.
17. Почитувајте ја искреноста. Дружете се со децата и животните, тие ја имаат најискрената љубов која освојува.
18. Погледнете ги луѓето во очи и разговарајте со нив. Покажете им дека навистина сте тука за нив.
19. Искористете ги шансите. Бидете спонтани. Доживејте нешто неочекувано.
20. Насмевнете се. Дури и ако некој не ви возврати, ќе се најде друг кој ќе ве освои со насмевката.
21. Сакајте си го телото. Однесувајте се добро кон него. Почитувајте си ја секоја несовршеност која ве разликува од останатите.
22. Седнете до некој, макар и непознат, наместо да седите сами. Не се изолирајте.
23. Покажете почит и очекувајте да ве почитуваат.
24. Кажете: „Те сакам“, „Благодарам“, „Се гордеам со тебе“.
25. Никогаш не користете интернет комуникација со луѓе кои може реално да ги видите и да поразговарате во 4 очи.
26. Почесто кажувајте„Да“!
27. Не дозволувајте едно скршено срце да ви ја зароби љубовта кон другите.
28. Играјте игри. Играјте надвор. Забавувајте се.
29. Јадете заедно со семејството и пријателите или со луѓе кои би сакале да станат дел од вашиот круг.
30. Смејте се неконтролирано, колку што сакате, тоа ќе ви ја излечи секоја мака подобро од што било друго.
31. Пуштете гласна музика и пејте како да сте на концерт.
32. Опкружете се со луѓе кои го поттикнуваат најдоброто во вас и ве инспирираат.
33. Пробајте нови вкусови, нови пијалаци. Храната е посебно задоволство.
34. Одете на некоја авантура. Качувајте се на планина, влезете во пештера, летајте со падобран.
35. Танцувајте многу и секогаш кога можете. Без разлика дали тоа го правите добро или лошо, важно е вие да се забавувате.
36. Учете. Читајте. Собирајте информации за сè и сешто. Доволно е да бидете барем информирани, никогаш не знаете кога некоја информација ќе ви биде од клучно значење.
37. Следете ги соништата. Најдете ја работата која го вади најдоброто од вас.
38. Негувајте ја страста за она што го сакате. Тоа ве одржува во животот.
39. Прифатете се себе. Бидете горди на она што сте. Бидете самоуверени и силни.
40. Секој ден кога ќе се погледнете во огледалото може одново да се вљубите во себе. Ако погледнете искрена и среќна личност која е подготвена да даде и да прими љубов, тогаш сигурно сте личност која навистина го сака животот.