Потајно им љубоморам на моите слободни пријатели, а има и зошто...
Да се биде слободен си има свои предности. Затоа и понекогаш навистина сум им љубоморна на моите слободни пријателки кои уживаат во својот сингл живот.
Иако сум навистина среќна и задоволна од врската и сум благодарна на мојот партнер што секојдневно е тука за мене, сепак постојат некои работи кои проклето ми недостигаат.
Флертување
Или поспецифично кажано: флертување без чувство на вина или каење.
„Бркањето” некого
Најголемата брканица во врската се случува кога партнерот ви го краде далечинскиот управувач или пак мобилниот телефон додека чекате повик.
Први бакнежи
Ништо не може да го замени чувството на првиот бакнеж. Зарем не ви недостигаат пеперутките и возбудливото чукање на срцето, додека првпат се бакнувате со некој кој ви е атрактивен?
Проблеми со љубомора
Слободните пријателки не решаваат проблеми со љубомора, од причина што тие не се во врска. Некои велат дека малку љубомора во врската е во ред, други велат дека е прашање на доверба, а јас велам „работам на случајот!”
Нема потреба за оправдување
Понекогаш плановите се менуваат. Сте излегле на кафе со пријателките и одеднаш некој нарачува текили, па завршувате танцувајќи на подиум. Секако дека е дозволено да излегувате, но претходно треба да се јавите на партнерот и да му дадете до знаење дека ќе останувате до доцна.
Лоши состаноци
Да, понекогаш ми недостига да отидам на лош состанок. Откако хоророт ќе заврши, овие излегувања ми стануваат најдобри животни приказни.
Танцување на песната „Single Ladies.”
Веќе е класика, а јас иако сѐ уште танцувам на оваа песна, чувството е различно. Колку лошо и да звучи сепак ми недостига тоа чувство на еуфорија додека танцувавме на оваа песна.