Можеби ќе те имам на небото кога веќе не можам на Земјата, можеби...

Ја видов таму на скалите, во кафулето каде што одев секој ден со моите пријатели, погледите ни се сретнаа за миг, ме запрепасти со нејзината убавина, срцето започна да ми чука забрзано.

mozebi-ke-te-imam-na-neboto-koga-veke-ne-mozam-na-zemjata-mozebi-01.jpg

Не верував дека постои љубов на прв поглед, но се уверив кога го видов тој сјај во нејзините очи чиј спомен сега ми ги осветлува ноќите без неа.

Беше толку убава, нежна, кревка, како капка роса која не знаев како да ја чувам и ми се испушти од дланките толку лесно...

Нејзините усни беа како јаготки, а јас обожавам јаготки. Посакав да ги имам цел живот за да можам да им се сладам до крајот на вечноста.

Наредниот ден повторно ја очекував во кафулето, се појави и на мое изненадување ме поздрави со насмевка каква што само заљубен човек може да има. Ја поседував и јас, бидејќи се заљубив или подобро речено ја сакав.

Само за себе, секој ден, седум дена во неделата, 365 дена во годината.

Сега колку што ја сакав, толку ја немам!

Започнавме да се дружиме, заедно излегувавме на кафе, искрата се повеќе се распламтуваше, но таа водена од нејзината женска гордост одлучи да не ми се предаде така лесно, без борба.

Војував четири години со таа нејзина гордост и на крај победив, знаеш велат дека тоа што се добива тешко повеќе се сака и се цени.

За првото се согласувам, но второто го утнав, не знаев да ја ценам.

Откако ја добив мислев дека ќе биде моја засекогаш, а јас ќе можам да правам што сакам позади нејзиниот грб, ме сака си викав, ќе остане и покрај се.

Излегував постојано, понекогаш со пријатели, почесто со пријателки за кои таа секогаш дознаваше дека беа од оние пријателки со придобивки. Излегував по ноќни клубови, кафани...

Пиев, се забавував, се дружев со танчерки кои немаа ниту половина од нејзината убавина, а камоли памет во главата.

Кога се враќав во ноќните часови, таа само ќе се насмевнеше среќна што ме гледа повторно и со солзи во очите ќе изустеше еден збор доволен за да ми го распара срцето – “Зошто?”

Сега јас се прашувам зошто...

Знам дека откако ме напушти е среќна без мене, добра сопруга и мајка на нејзините деца со друг човек, кои требаше да бидат наши.

Знаете и после четири години се уште ми лута низ мисливе, секој ден, стана како моја сенка која ме следи дури и во темница, но залудно.

Секогаш кога ќе се обидам да ја дофатам, сенката бега, таа избега и нема да се врати никогаш повеќе.

Денес повторно бев во кафулето каде што ја запознав, но не очекував дека ќе ја видам со сопругот на истата маса каде што се запознавме, срцето ми застана за кратко.

Истиот сјај во очите, истата насмевка на заљубена жена, но овој пат за друг човек, за мене никогаш повеќе.

Барем не тука на Земјата...

Си велам, ако не ја задржав до мене тука долу, можеби ќе ја имам горе и никогаш нема да ја пуштам до крајот на вечноста.

Можеби...

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg