Направете ги овие 3 ситници денес и бидете среќни цел живот

Среќата не доаѓа со големите работи, туку таа потекнува од ситниците, кои го прават животот целосен. Потсетете се дека дури и малите работи можат да ве направат среќни.

napravete-gi-ovie-3-sitnici-denes-i-bidete-srekjni-cel-zivot-1

Пробајте барем една од овие 3 ситници и живејте во среќа и спокојство целиот живот:

1. Помогнете некому

Помагањето е наједноставниот начин, а воедно и најмоќниот начин на кој можете да го направите посреќен туѓиот, но и вашиот живот.

Помогнете им на другите на некои од следниве начини:

- Понудете практична помош (работа, волонтирање, готвење)

- Дајте им добар совет (луѓето не секогаш сакаат да примат или послушаат совет, но ако го побараат од вас, помогнете им)

- Дајте им прегратка (една или повеќе прегратки можат да направат чуда за личноста која се мачи со некаков проблем)

napravete-gi-ovie-3-sitnici-denes-i-bidete-srekjni-cel-zivot-2

- Охрабрете некого (постојат илјадници работи кои делуваат обесхрабрувачки врз луѓето, па секогаш е добро да ги поттикнете со добар збор за тие повеќе да веруваат во себе)

- Сослушајте ги (понекогаш луѓето не сакаат никаква помош, туку само сакаат да бидат сослушани од некого)

- Поставете перспектива. Лесно е да се изгубиш во ситните проблеми, затоа понекогаш на луѓето им е потребно да им се истакне она што е важно. Пронајдете пристап, насмејте ги, најдете решение или дотогаш невидлива можност.)

- Најдете еден миг и размислете за тоа колку добро сте постапиле и ќе сфатите дека сте многу поисполнети од претходно.


2. Намалете ги очекувањата за среќа

Ова е многу едноставно. Утре кога ќе се разбудите кажете си себеси дека ќе се радувате на ситниците. Кога така ќе го започнете денот, ќе бидете среќни и на ручекот, на повикот од пријателите, на градските гужви и слично.

Тоа што некогаш го земавте здраво за готово, погледнете го на друг начин. Заглавивте во метежот од сообраќај? Барем имавте пари за автомобил и бензин.

napravete-gi-ovie-3-sitnici-denes-i-bidete-srekjni-cel-zivot-3

Кога се исполнувате со мали работи, ќе имате повеќе енергија и мотивација, а така и вашиот живот подобро ќе функционира и поедноставно ќе ги извршувате и малите и големите работи.

Секако дека оваа вежба не може да функционира секој ден, но обидувајте се да ја практикувате повеќе и секој ден ќе ви биде сѐ поубав.


3. Бидете нежни кон себе

Да се биде нежен и внимателен кон самиот себе е прекрасна работа, заради која ќе имате посреќен живот и повеќе самодоверба. Постојат повеќе начини на кои можете да бидете внимателен кон себе, но ова се 3-те најсилни:

- Опкружете се со позитивност

Деструктивните пораки кои се наоѓаат насекаде околу  вас, како што се медиумите, маркетингот или околината, ни малку не ви помагаат да бидете нежни кон себе. Така што истите заменете ги со други видови на пораки. Обрнувајте повеќе внимание на пријателите и семејството, а помалку на негативните влијанија.

napravete-gi-ovie-3-sitnici-denes-i-bidete-srekjni-cel-zivot-4

- Не се споредувајте со другите

Споредбата со другите може да ја убие вашата мотивација и да ја намали вашата самодоверба. Секогаш ќе постојат луѓе на кои ќе им оди подобро отколку на вас. Така што, концентрирајте се на себе и на тоа што можете да го преземете за да ви биде подобро.

- Здивнете

Понекогаш нема да имате енергија или храброст да направите нешто. И тоа е во ред. Повремено допуштете си да здивнете и бидете мрзеливи. Нема ништо да постигнете ако упорно и вештачки се обидувате да направите нешто, кога едноставно не ви е денот.  

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg