Ти завидувам што ме имаш!

Убаво е кога имаш некој што те сака, а ти го чувствуваш тоа без тие два збора „Те сакам“ кои јас се плашам да ти ги кажам, но ги слушаш постојано во ритамот на моето срце.

ti-zaviduvam-sto-me-imas-1

Тие се излишни, но сепак легнуваат на твојата душа толку лесно, како добро вино на пијана љубов, но зошто се толку немирни кога ќе легнат на мојата душа?

Постојано се превртуваат и ме скокоткаат до солзи, понекогаш од тага, ретко од среќа.

Знаеш, ти завидувам што ме имаш.

Ти завидувам на сите бакнежи кои сум подготвена да ти ги дадам, бидејќи се толку полни со страст, обвиени во искреност, жедни за твоите усни.

Ти завидувам на сите прегратки што сум спремна да ти ги подарам, бидејќи твоите раце се како подарок за мојата половина, мевлем за мојата болка, убава болка што ми ја предизвикува твојот поглед и тоа пријатно гадење во стомакот кое ме тера да ја почувствувам играта на пеперутките во стомакот како мало заљубено девојче.

Јас не сум заљубена, јас те љубам, ја воочуваш ли разликата?

Те следам како сенка во мрак, тука сум, но не ме гледаш. Те следам како недела во понеделник, ме мразиш, но сепак ме посакуваш на почеток.

Те следам како дожд во трула есен, мојата половина крцка како кревок лист во твоите раце и полека се крши во твоите прегратки.

Те следам како страст во љубов, те опивам со неа.

ti-zaviduvam-sto-me-imas-2

Те следам како верност во надеж, неосетно, но сепак постојано. Те следам како молк во тајна, тивко, но лагодно.

Те следам како допир во секс, груб и нежен истовремено, влажен и сув како жежок асвалт во лето.

Те следам како солзи во тага, болно, но олеснително. Те следам како поглед во магла, матно, но напрегнато, не се откажувам од тебе.

А ти ме следиш, но како да не ме следиш.

Не ме следиш на начин на кој што јас го правам тоа, ја држиш мојата рака плашејќи ме дека ќе ја испуштиш, а јас твојата никогаш не би ја испуштила.

Знаеш, ете затоа ти завидувам што ме имаш...

Автор: Д.М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg