25 лекции кои ги научив до 25-тата година

За да се научат некои работи не е потребна одредена возраст. Но, важно е да не ги заборавите лекциите кои треба да ве водат во животот.

25-lekcii-koi-gi-nauciv-do-25-tata-godina-01

1. Животот нема смисла ако вие не му ја дадете. Од вас зависи со што ќе го исполните животот.

2. Сè е наш избор. Не можеме да контролираме сè што се случува, но можеме да избереме дали ќе го прифатиме или не.

3. Секоја наша мисла ја креира нашата иднина. Сè почнува со една мисла која подоцна се реализира. Од тоа зависи нашата иднина.

4. Кога добиваме нешто имаме сатисфакција, кога даваме тоа е задоволство. Давајте без разлика на сè. Само така си ја зголемувате среќата.

5. Оној кој се прашува „зошто“ ќе го најде и начинот за „како“ да направи нешто. Одговорот на вашето прашење „зошто“ треба да ви биде приоритет.

6. Нема никаква придобивка од тоа ако се грижите за сè. Ако некој проблем може да се реши ќе го најдете решението. Ако не може, џабе се грижите. Прифатете.

7. Наместо часовник, користете компас. Ориентирајте се според себе, а не според другите.

8. Слично привлекува слично. Факт е дека повеќе не привлекуваат оние кои се слични на нас. Не си го губете времето и бидете со оние кои се слични на вас и со кои се надополнувате.

9. Ние сме производ на нашата околина. Опкружете се со луѓе кои се љубезни, паметни и подобри од вас. Секој ден трудете се да го надминете нивното ниво.

10. Единствен начин за да го научите детето е да му покажете личен пример. Бидете пример за промената која сакате да ја видите.

25-lekcii-koi-gi-nauciv-do-25-tata-godina-1.jpg

11. Единствено време во кое може да создадете нешто е сега. Важно е да бидете присутни во моментот и да ги искористите сите можности кои ви се нудат за да создадете нешто.

12. Негувајте ја љубовта во себе. Само љубовта ве ослободува и ве принудува на простување. Победете со љубов сè што ти ви треба.

13. Не возвраќајте на лошото со лошо. Учете од последиците и не го продолжувајте она што е лошо со нешто ушет полошо. Научете  да се справите на поинаков начин.

14. Подредете ги работите според важност. Научете да кажете „Не“ и да го организирате животот според вашите можности и приоритети.

15. Користете ја формулата: Постојам-работам-имам. Ако сакате нешто треба да се прашате што да направите за да го добиете.

16. Само постапката зависи од вас, не и резултатот. Ваше е да направите сè што можете за да ја постигнете посакуваната цел и да не се разочарате од резултатот бидејќи тој не зависи од вас.

17. Сите големи работи не биле завршени за еден ден. Би било многу лесно ако е така. Големите работи бараат промени и истрајност. За тоа е потребно време.

18. Понекогаш одлуката да се откажете е многу помоќна од таа да се држите цврсто за нешто. Важно е да знаете да одлучите кога е доволно.

19. Понекогаш треба да си признаете искрено дека нешто не знаете. Тоа не е слабост, туку способност.

20.  Сознанието води до среќа. Додека не дознаете колку некој друг е несреќен, заборавате колку всушност вие сте среќни.

25-lekcii-koi-gi-nauciv-do-25-tata-godina-2.jpg

21. Грешките се лекции. Тоа не го сфаќате додека не ги направите. Понекогаш треба да бидете подготвени и да згрешите, но и да не ја пропуштите лекцијата.

22. Времето е најпотценето. Користете го времето паметно. Не го расфрлувајте бескорисно.

23. Главната работа е да успеете главното да ви остане главно. Она што ви е најважно во животот треба да научите да го задржите и одржите. Не дозволувајте да ги заборавите најважните работи, без разлика на сè.

24. Сврзникот „и“ е многу помоќен од сврзникот „или“. Завршете колку можете повеќе работи, наместо да одбирате само некои од понудените.

25. Во животот поважно е патувањето, отколку дестинацијата на која ќе стигнете. Важно е да уживате додека ги остварувате целите во животот за да уживате и кога ќе стигнете на крајот.

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg