Полека, но сигурно...
...тука сум, сè уште, се борам, не се предавам. Не сум јас таа личност, што лесно испушта шанса низ раце како зрно песок.
Иако шансата е мала, баш како и тоа зрно песок не дозволувам да ми се лизне низ прсти и да падне во купот на шанси кои досега сум ги испуштила, шанси на кои досега не им била дадена шанса.
Тука сум, се искачувам полека.
Прво скалило, второ сакалило, трето... бесконечни се, не знаеш каде ќе завршат, уште колку ги има, исто како и животот, ако треба вечно ќе се качувам.
Но, со секоја искачена скала мојот вид ќе се подобрува, вид кон нештата, работите и луѓето околу мене.
Бидејќи ќе бидам над нив, над сите.
Некој ќе се обиде да ме турне од скалилата, но ќе падне сам бидејќи ја нема онаа сила и издржливост да стапнува онаму каде што сум стапнала јас.
Со секоја искачена скала ќе бидам се поблиску до врвот.
Не се предавам, навистина, ќе се борам, до крај.
Се додека срцето ми чука во градите, а крвта ми врие во вените. Не се предавам!
Ќе продолжам да газам, ќе го газам животот, нема да дозволам тој да ме гази мене.
Истото направете го и вие.
Можеби не е лесно да се качуваш по скалилата на животот, но вреди да пробаш. Потоа нема да сакаш да се откажеш, ќе посакаш да си започнел порано.
Вреди верувајте, можеби е тешко, но погледот од врвот кога ќе стигнете до него е неверојатен.
Ослободува, смирува, дава смисла за понатаму, ве оживува, ви го крева адреналинот, а вие?
Вие се чувствувате како господари, но не на светот, туку на вашиот свет во кој владеете само вие и никој друг!