20 Инспиративни совети за подобрување на односите со другите луѓе
Кога ќе се ослободиме од негативните и непотребните мисли, тогаш правиме добри дела и започнуваме да ги прифаќаме луѓето такви какви што се и можеме да очекуваме добра комуникација и односи со другите.
Прочитајте ги овие инспиративни совети со чија помош не само што кај себе ќе забележите позитивни промени, туку и ќе ги подобрите односите со луѓето во вашето секојдневно опкружување:
1. Ослободите се од негативните личности.
2. Оставете ги во минатото оние кои веќе заминале.
3. Дајте им шанса на оние кои не ги познавате.
4. Бидете љубезни кон сите и покажете почитување.
5. Прифатете ги луѓето такви какви што се.
6. Охрабрете ги другите и бидете среќни заради нив.
7. Најдете начин да простите и да продолжите понатаму.
8. Секој ден правете по некоја ситница за некого.
9. Секогаш бидете верни.
10. Бидете во добар контакт со оние кои ви се важни.
11. Секогаш исполнувајте ги ветувањата и кажувајте ја само вистината.
12. Дајте го тоа што сакате да го добиете.
13. Кажувајте го тоа што го мислите и мислете го тоа што го зборувате.
14. Допуштете им на другите да донесуваат одлуки за себе.
15. Зборувајте малку, а слушајте повеќе.
16. Заборавете на ситните приговарања.
17. Обрнете внимание на врската со себе.
18. Обрнете внимание на оние кои ви се вистински пријатели.
19. Не дозволувајте да влијаат врз вас негативните, неконструктивни коментари.
20. Бидете совршено несовршени!
Кој од овие совети ви се допадна најмногу?