50 Работи кои треба да ги направите барем еднаш во животот

Животот е краток и по некое непишано правило треба да се направат толку многу работи, за малку време.

50-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-barem-ednas-vo-zivotot-01.jpg

За да се чувствувате исполнето и како што се вели да бидете мудри во староста, барем еднаш во животот направете ги овие 50 работи:

1. Направете голема забава и поканете ги сите кои ги познавате.

2. Дајте и на вашата мајка букет со омиленото цвеќе и кажете и колку ја сакате.

3. Напијте се пиво на Октоберфест во Минхен.

4. Бидете некому ментор.

5. Побарајте го веќе еднаш тоа покачување на платата кое го заслуживте.

6. Исклучете го мобилниот и гледајте го заоѓањето на сонцето.

7. Направете будала од себе.

8. Простете им на луѓето.

9. Донирајте пари или купете им храна на бездомниците.

8. Одржете говор на некој настан, па макар и тоа да е свадба, слава, крштевка...

9. Танцувајте на подиумот во некој клуб како да сте сосема сами.

10. Посетете некое непознато, мало село во Македонија.

50-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-barem-ednas-vo-zivotot-1.jpg

11. Научете нов јазик, нова култура и стекнете нови познанства надвор од земјата.

12. Научете да кажувате „Не”.

13. Земете го мобилниот и побарајте ги пријателите со кои одамна не сте се чуле.

14. Испејте некоја песна пред публика, колку лошо и да звучите.

15. Поседувајте барем едно скапо и луксузно парче облека.

16. Пронајдете ја работата која ја сакате.

17. Отидете на викенд сосема сами и дознајте повеќе за себе.

18. Водете дневник, или напишете книга за својот живот.

19. Отидете на гости кај роднини кои воопшто не ги познавате.

20. Отидете сами на ручек во ресторан.

50-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-barem-ednas-vo-zivotot-2.jpg

21. Вдомете си домашен миленик.

22. Однесете некои од најновите фотографии кои ги имате на печатење во фото студио.

23. Посетете нудистичка плажа или бањајте се голи во море.

24. Аплицирајте на работни места за кои не сте квалификувани и отидете на интервју за работа која не сакате да ја работите.

25. Отидете на концерт заради кој потоа ќе ви биде срам да се појавите пред пријателите.

26. Посетете винарија и пробајте некое навистина добро и скапо вино.

27. Ризикувајте на работа дури и тогаш кога никој не ве поддржува.

28. Поминете цел еден ден на гости кај вашата баба и научете да правите пита (важи и за момците).

29. Заземете се за тоа што сметате дека е правилно, без разлика на ризикот.

30. Научете некој странец да зборува македонски јазик.

31. Научете да свирите барем една песна на гитара.

50-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-barem-ednas-vo-zivotot-3.jpg

32. Отидете на кампување и спијте под ѕвездите.

33. Барем 1 недела заборавете на социјалните мрежи.

34. Оставете порака со убави и охрабрувачки зборови на јавно место.

35. Научете како да го цените неуспехот.

36. Бидете благодарни за тоа што го имате.

37. Одведете го семејството на вечера која вие ќе ја платите.

38. Научете да медитирате.

39. Отидете на кафе со личност која воопшто не ви одговара.

40. Имајте верба дури и кога сѐ изгледа безнадежно.

41. Докажете им на оние кои ви значат колку ги сакате. 

42. Спријателете се со непознат човек и одржувајте го контактот. 

50-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-barem-ednas-vo-zivotot-4.jpg

43. Отидете на кафе кај сосетката. 

44. Побарајте тест возење за автомобил кој не можете да си го дозволите. 

45. Насмевнете се на тотален странец, барем еднаш во денот. 

46. Упатете комплимент на некого кој не го познавате. 

47. Танцувајте на дожд.

48. Играјте со снегот и санкајте се, годините не се изговор. 

49. Соочете се со личноста која смета дека е супериорна над вас.

50. Сонувајте! Секогаш и секаде, дури и ако соништата ви се чинат смешни. 

До каде е вашата листа?

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Јавете им се на родителите, одете кај баба ви и дедо ви – не знаете колку време ви останува со нив Не можам да ви кажам што ќе ви донесе утрешниот ден, но можам да ви го кажам сле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg