Фотографијата никогаш не се менува!

Си направив кафе, го ставив во мојата омилена шолја и почнав да го набљудувам.

fotografijata-nikogas-ne-se-menuva-1.jpg

Ме фасцинираше неговата пареа како полека се тегне во воздухот и заминува низ отворениот прозорец од каде влегуваше утринската светлина на сонцето.

Пареата и светлината беа совршена комбинација, испреплетени со острината на ладниот воздух тоа утро. Посегнав по апаратот сакајќи да го овековечам тој момент.

Тогаш сфатив зошто сум толку опседната со сликање на сè што ми е убаво.

Тогаш сфатив зошто сакам да го овековечам секој момент кој ме радува, а тоа е така бидејќи не сум сигурна дека повторно ќе го доживеам.

Момент кој можеби би ме утешил во депресивните, врнежливи денови.

Имам таков албум со многу моменти овековечени на слика, секогаш ја имаат онаа иста убавина и емоција за разлика од луѓето.

Луѓето се менуваат, исто и нивните емоции и физичка привлечност. Но, фотографијата, таа останува иста.

Листајќи ги сите тие моменти во албумот на сеќавањата сфатив и дека фотографијата никогаш нема да те остави сè додека ти не ја скинеш на парчиња, таа секогаш ти дава шанса, те освојува одново и одново, за разлика од луѓето кои кога еднаш ќе те освојат им здосадуваш.

Ете затоа сум опседната со фотографирање на сè што ми е убаво, бидејќи сакам да уживам во таа убавина и сакам таа да трае вечно, кога веќе емоциите и луѓето не се такви.

Го сакам фотографирањето, бидејќи иако луѓето се менуваат, фотографијата никогаш не се менува.

Таа е вечна!

fotografijata-nikogas-ne-se-menuva-2

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg