Борба за жена – дали вреди?

Сè сфатив кога го пуштив кучето надвор од дворот да прошета само, без мене, на слобода која знам дека му годи.

borba-za-zena-dali-vredi-1

По краток период слушнав лаење, а потоа квичење кое ми го стегна срцето. Потрчав на улица и го видов моето куче како се бори со друго куче. Ми дојде да го убијам другото куче, сигурно знаете какво е чувството кога гледате дека некој го повредува тоа што го сакате, едно од најмилите.

Наспроти нив стоеше женско куче и ги гледаше, почна да лае, онака како што би направила жена кога двајца мажи се борат за нејзина превласт. Период е на парење, разбирам, но дали навистина не постојат други кучиња со кои би се спарил, па мора да се бори со некого?

Удрив со камен и ги разделив. Противничкото куче избега заедно со кучето за кое што се бореше. Моето поразено се врати кај мене, со лузна под окото.

Исфрустрирана, но сепак со разбирање го погалив и му се насмевнав бидејќи знам дека секогаш ме разбира иако не може ништо да ми каже. Му дадов храна и го исчешлав, а на раната од окото му ставив малку алкохол за да го спречам крварењето и евентуална инфекција.

Можеби ќе заздрави си реков, но секогаш ќе има лузна на тоа место. Тогаш сфатив!

Борбата која ја водеа моето куче и другото за тоа женско куче беше непотребна. Не само што заработи лузна, туку и беше понижен пред другото куче и се почувствува победено. Знам дека се почувствува така, иако е животно.

Сфатив дека тоа е исто како кога двајца момци се тепаат околу една девојка, кој да ја добие и да се покаже посилен во нејзините очи. Но, дали вреди?

Искрено, мислам дека не, а знаете ли зошто?

Бидејќи доколку некој не те сака, што сакаш направи за да го придобиеш, тепај се, карај се, убивај се... тој пак нема да те сака.

Борба за жена не вреди, истото важи и за маж, бидејќи не само што ќе бидеш оставен и понижен, ќе заработиш и лузна која ќе те потсетува на тоа разочарување цел живот.

Доколку некој те сака, нема да дозволи да те повредат само за да ја одбраниш неговата чест.

Доколку некој те сака и без борба ќе остане со тебе, без разлика на сè!

borba-za-zena-dali-vredi-2

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg