3 зборчиња кои можат да ви го променат животот
Ако имате доверба во животниот процес, ќе успеете да го надминете егото, ќе си дозволите да бидете спонтани, креативни и ослободени од стравот, а токму тогаш може да ви се случи најубавото.
Овие три зборчиња можат вистински да ви го променат животот:
„Пушти, препушти се”
Пуштете ја несигурноста и стравот, кои ве блокираат и оневозможуваат да мислите јасно. Препуштете се на интуицијата и на она што е природа на вашето битие.
Кога не сакате да пуштите (мисла, чувство, личност) со тоа што преземате привидна контрола, вашиот живот станува борба, а вие чекорите кон депресија, заради неисполнети желби.
Следниот пат кога ќе се чувствувате како да стоите во место и како да не знаете кон каде и како да се движите, само повторувајте си ги во себе трите магични зборови „Пушти. Препушти се”.
Така ќе станете свесни за сегашниот миг, за она што го чувствувате, а минатото и иднината нема да ве загрижуваат и нема да го ставате вашиот организам во модел на преживување „борба или бегство”.