Животни одлуки за кои никогаш нема да зажалите: Среќата е личен избор!

Низ животот сите мораме да донесеме неколку важни одлуки - каде ќе живееме, каква работа ќе бараме, како ќе се храниме...

zivotni-odluki-za-koi-nikogas-nema-da-zazalite-srekata-e-licen-izbor-01.jpg

За жал, многу често сме несигурни и се прашуваме дали изборот кој го направивме е правилен или погрешен.

Сепак, постојат одлуки кои вредат за да направите голема жртва, а за кои никогаш нема да се покаете затоа што ви носат мир, чиста совест и среќа.

1. Одберете да бидете среќни!

Трошиме небројано многу часови, денови и години во потрагата по среќа, а сè е многу поедноставно. Потребно е да сфатите само дека среќата е избор кој го правиме лично ние. Со други зборови, среќа се сите оние работи на кои ќе решите да им се насмевнете, да ги прегрнете и да им се радувате.


2. Откажете се од технологијата

Во денешно време мобилниот телефон во чантата е нормално како и дишењето. Сепак, никогаш нема да зажалите ако направите пауза од компјутерот, таблетот и мобилниот телефон. Освен што ќе имате повеќе време да бидете физички активни, почесто ќе ги гледате лицата кои ги сакате.


3. Одберете љубезност наместо непријателство

Лесно е да упатите погрешен поглед или да се карате кога ќе ве поттурнат додека стоите во автобус. Покажете ведрина, насмевнете се и прифатете го извинувањето. Дури и оваа ситна одлука ќе ви ја промени големата животна слика.


4. Третирајте се себеси како што ги третирате пријателите

Зашто да не можете за себе да кажете дека сте прекрасни, добри, неверојатни? Ако ги сакате пријателите со кои сте опкружени, сакајте се и самите себе. Да не бевте толку добри, зарем ќе имавте такви пријатели?


5. Насмевнете им се на непознатите

Признајте, постои некое чудно задоволство кога ќе поздравите некој непознат со случајна, а сепак искрена насмевка.


6. Научете да кажете НЕ

Кога ќе погледнете наназад во времето, колку пати посакавте да кажете НЕ, а сепак премолчевте? Ова е последната работа која мора да се промени, пред целиот живот да ви се подобри.

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Јавете им се на родителите, одете кај баба ви и дедо ви – не знаете колку време ви останува со нив Не можам да ви кажам што ќе ви донесе утрешниот ден, но можам да ви го кажам сле...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg