Каде престојува среќата?

Често си мислиме дека ќе бидеме среќни кога ќе го оствариме она што сме си го зацртале во животот - кога ќе заработиме доволно пари, купиме убава куќа или кога ќе ја пронајдеме љубовта на нашиот живот, но среќата нема никаква врска со надворешните работи.

kade-prestojuva-srekjata-1-

Сѐ што доаѓа однадвор има потенцијал да нè направи среќни, но и исто толку несреќни. Вистинската среќа живее длабоко во нас, таа е арома на нашето битие...

Кога сме среќни, се смееме со усните, очите, рацете, трепките, веѓите, се смееме со душата, а тоа се одразува во надворешниот свет. На тој начин и другите луѓе ги правиме среќни и тие почнуваат да се чувствуваат подобро, посреќно.

Сите трагаме по среќата, но веројатно често забораваме дека не треба да ја бараме по материјалното, туку таа цело време е тука во нас.

Целото тоа трагање на крајот можеби ќе ни донесе одредено задоволство кога ќе ја исполниме сопствената цел, но нема да нè избегнат оние незгодни чувства како напнатост, лутина или стрес.

Често се исцрпуваме до крајни граници, а не се запрашуваме дали воопшто се исплати толку да се трудиме да стигнеме до врвот, бидејќи мислиме дека само така ќе бидеме среќни, но среќата доаѓа тогаш кога најмалку се надеваме.

Понекогаш е во ред да не се трудиме или да се соочиме со неуспех, бидејќи тоа не значи дека нема да бидеме среќни.

Среќата е дел од нас. Таа престојува во секој еден од нас. 

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg