Некогаш може и да не се најдеме...

Чекориме по иста патека, но во обратен правец. Понекогаш одиме и во ист правец, но со погледот надолу. Го бараме камчето во кое ќе се препознаеме. Бараме знак, а одиме залудно.

nekogas-moze-i-da-ne-se-najdeme-01

Покрај нас минуваат и оние кои ги бараме. Но, понекогаш не ги наоѓаме. Потоа жалиме зошто не сме сретнале некој што целиот живот сме го барале. А тој можеби стоел до нас.

Имате чувство понекогаш дека се вртите во истиот круг со некого? Случајно или не, се среќавате во сосем обични, значајни или незначајни моменти и секогаш сте тука некаде, но никогаш доволно блиску. Не онака, душевно блиску. Гледате отстрана, сочувствувате, но не признавате.

Тоа се оние двајца луѓе, оние две сродни души, кои се бараат, се наоѓаат, но не се препознаваат. Тој прави сè за неа, а таа и воопшто не забележува дека тој е тука. Но, тој не се откажува, верува дека таа само се прави важна.

Не, таа навистина не го забележува.

Кога му зборува, нему му се чини тоа како најромантичниот разговор, а таа само прашува: „Што ќе ручаме денес?“

Тој би станал за неа и врвен готвач со највкусно мени, а неа ѝ е сеедно. Таа би намачкала нешто на леб, колку да поткасне.

Таа вели: „Ајде да одиме да испазариме во продавница!“ А тој би ја однел и до Париз и до Сиднеј. Но, кој го бара тоа од него?

Таа црта нешто на мали ливчиња, а тој би ја насликал нејзината убавина на сите платна и би отворил светска галерија.

Таа молчи и пишува, додека тој би ја слушал деноноќно како зборува.

nekogas-moze-i-da-ne-se-najdeme.jpg

Но, таа пишува за вистинската љубов која никогаш не ја нашла. Среќата која не ја почувствувала кога е силно вљубена во оној кој бескрајно ја сака.

Пишува за музиката на срцето која никогаш не ја слушнала. Онаа кога забрзано чука во ритам кој го раздвижува целото тело. Онаа музика која нема да ѝ даде да заспие.

Пишува за оној покрај кого би сакала да се разбуди, заедно да подготвуваат појадок, да патуваат, да водат љубов и да бидат најсреќни.

Таа пишува за она што го има до неа, но никогаш не го забележува. Пишува за она што го бара, не знаејќи дека го држи во рака. Пишува за нешто неостварено, а кое го доживува секој ден.

Ја бара среќата некаде далеку, тагува по неа и ќе умре заради неа, без да ја најде, не знаејќи дека цело време била до неа и во неа.

nekogas-moze-i-da-ne-se-najdeme-3.jpg

Ништо не ни е поблиску од среќата. Секогаш на дофат, но никако да ја дофатиме. Затоа што ја бараме некаде далеку, ја чекаме од некој друг, ја посакуваме како некоја далечна желба.

Таа не е камче кое треба да го пронајдеме на патот по кој чекориме, туку пулс кој треба да го разбудиме некаде длабоко во нас.

И вистинската љубов ја бараме така. Секогаш е некоја друга, некоја подобра, посреќна, посакувана. Забораваме да погледнеме во себе и до себе. Можеби веќе ја имаме.

Понекогаш жалиме дека не сме ја доживеале или не сме ја нашле сродната душа. Всушност, секогаш ја наоѓаме, но некогаш не ја препознаваме.

Автор: В.М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg