7 Работи на кои секогаш треба да им кажувате „Да!”

Живејте го животот исполнето и искористете ја секоја шанса која ви се нуди, без разлика колку страшно и да изгледа истата, бидејќи повторно истата никогаш нема да ја добиете.

7-raboti-na-koi-sekogas-treba-da-im-kazuvate-da-1

Понекогаш е многу тешко да се одбие нешто, без да почувствуваме вина, но морате да мислите на своето здравје- психичкото и  физичкото.

Запомнете, со прифаќањето на овие работи се движите во вистинската насока:

1. Застрашувачка, но сјајна работна можност

Верувајте им на пеперутките во стомакот и на оној дел од вашата глава кој извикува „да”. Вие сте подготвени за нова врста на одговорност, само треба да ја прифатите.

2. Бесплатен тренинг со личен тренер

Фитнес центрите се скапи. Па затоа ако не ја искористите секоја предност која ви се нуди, тогаш губите многу. Обично секогаш се нудат разни промоции, не дозволувајте си да ги одбивате.

3. Забави со многу танцување

Не постои ниту една добра причина зошто некој би одбил одење на забава на која ќе има добра музика, танцување, нови луѓе...

4. Наградни игри

Никогаш не знаете дали ќе освоите или не, некоја наградна игра. Но, сепак кажете им да на овие и пробајте си ја среќата.

5. Побарајте помош, кога навистина ви е потребна

Без разлика на тоа колку јаки се чувствувате, не можете секогаш да завршите се сами. Кога вашите пријатели се во неволја вие сте први кај нив, па дозволете им истото да го направат за вас.

6. Покана да погледнете видео со бебе или кученца

Или уште подобро: Видео во кое има и бебе и кученца. Кажете му „да”.

7. Кажете и „Да” на новата љубов

Немојте да се плашите да се впуштите во нова врска, само затоа што претходната не ви успеала. Со секоја личност градите нова приказна.  

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Јавете им се на родителите, одете кај баба ви и дедо ви – не знаете колку време ви останува со нив Не можам да ви кажам што ќе ви донесе утрешниот ден, но можам да ви го кажам сле...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg