Тетка Вегета: Ова е жената која го направи зачинот на нашето детство
Денес ретко кој знае која е професорката Злата Бартл но, кога би ве прашале кој е најпознатиот зачин во бившите југословенски простори, сите би одговориле - Вегета!
Вегета, оригиналниот и универзален додаток во секое солено јадење со децении е најпродаваниот зачин.
Осмислен е во лабораториите на Подравка кон крајот на 1950-те години, предводени од скромната, но неверојатно талентирана професорка Злата Бартл.
Злата Бартл е родена во 1920-та година во Сараево, каде завршила основно училиште и гимназија, а во 1938 година се запишала на Филозофскиот факултет во Загреб.
По завршувањето на студиите, во 1942 година се стекнала со титула „професорка по хемија, физика, математика, метеорологија и минералогија.“
Сосема случајно, во 1955 година тргнала на службено патување во Загреб, каде се задржала заради временските непогоди. Коцките се поклопиле кога Подравка барала хемиски техничар за работа во лабораторија, па професорката Бартл се јавила на овој оглас.
За 2 дена е известена дека ја добила работата.
Во тоа време, во 1956 година Подравка била во тешка состојба заради тоа што преработувала исклучиво овошје и зеленчук и немало некои реални шанси нивните производи да се пласираат на големиот пазар.
Професорката Бартл се присетува: „Имавме многу малку, јадев само еднаш во денот, но работевме и создававме со полна пареа за фабриката да ја извлечеме од тешкиот период.“
Но, на оваа фабрика и било потребно нешто ново, нешто повеќе од сушено овошје и зеленчук. Сушените супи биле во план, но проектот никогаш не бил започнат.
Во 1957 година Подравка конечно се појавила со 4 видови супи кои заради брзата подготовка и топлиот домашен вкус, набрзо ги освоиле потрошувачите.
Нешто подоцна, се „случила“ Вегетата! Осмислена од страна на професорката Бартл, ова е нејзин изум и само нејзина заслуга.
„Можеби екипата која работеше на овој производ, без мене немаше да успее, но и јас не би го можела тоа сама.“
Овој зачин го надживеа својот творец - професорката Злата Бартл позната уште како тетка Вегета.
Нејзиниот изум до ден денес се произведува во истата фабриката каде го осмислила и моментално е дел од секоја домашна кујна на Балканот.