8 „Ти благодарам“ до најважниот маж во мојот живот
Не знам како да ти се одолжам, но ќе се обидам. За секој пат кога ме прегрнуваше додека срцето ми го кинеше некое недораснато дете, за секој пат кога некоја другарка ќе ме предадеше, за секој пат кога колениците ми беа крвави од падови, а само ти знаеше да ги направиш помалку болни.
Токму затоа тато, ова го пишувам со големо внимание, затоа што не сакам да чекам пред да биде предоцна, пред да те загубам и да се каам што не сум го направила ова порано...
Од сè срце ти благодарам...
1. За секој пат кога веруваше во твојата глупава ќерка и до ден денес ги поддржуваш нејзините фантазии, иако ги сметаш за нереални.
2. За тоа што ме научи како да ги соберам сите парчиња откако некој ќе ме сруши на земја.
3. За тоа што ми докажа дека самосожалувањето не е достојно за човек како мене. Сега знам дека можам многу повеќе од тоа!
4. За секој предизвик кој ме правеше посилна и посигурна дека сум на вистинскиот пат, дури и кога одев со главата низ ѕид.
5. За инспирацијата и желбата која ми ја даваш секојдневно. Само така станав успешна во она што го сакам. Никогаш не ми дозволи да се задоволам со мислењето дека моја единствена улога е да бидам мајка и домаќинка.
6. Ти благодарам затоа што ми даде многу спомени на кои ќе се сеќавам уште долго.
7. Најважно од сè, ти благодарам за секоја направена жртва. Можам само да претпоставам колкава тага ти предизвикаа некои откажувања, но и понатаму веруваш дека ништо не е повредно од твојата ќерка.
8. Ти благодарам затоа што ја вложуваш целата сила што ја имаш за да бидеш најдобриот татко.
И постојано се надевам дека мојата идна ќерка ќе биде доволно среќна да има татко како тебе...