Кога сѐ ќе се распадне фокусирајте се на сегашноста

Животот некогаш умее да биде прекрасна цветна градина, но и пеколен тунел низ кој мора да поминеме. Но, не грижете се за скоро време ќе се појави повторно светлината...

koga-se-kje-se-raspadne-fokusirajte-se-na-segasnosta-1

Понекогаш е навистина тешко да издржиме во оние мигови кога сфаќаме дека животот не ни оди во онаа насока во која посакуваме.

Губењето на финансиите, љубовта на нашиот живот, сигурноста или здравјето не ни оставаат друг избор освен да продолжиме понатаму со последни сили.

Ако животните предизвици ја тестираат вашата личност, можете да си помогнете со помош на овие неколку совети:

1. Разговарајте и искажете си ги чувствата

Сите негативни емоции се собираат во вашето срце и душа и ве прават да се чувствувате уште повеќе нерасположени, а во тие моменти тоа е најмалку што ви треба. За да ја отстраните болката од себе разговарајте со своите блиски и кажете ги своите чувства. Кога самите ќе си го чуете проблемот јасно и гласно, ќе ви биде полесно да му се спротивставите.

2. Фокусирајте се на сегашноста

Не се преоптоварувајте со мисли поврзани со минатото, бидејќи немате моќ да го промените. Концентрирајте се на она што е сега и на начинот на кој би можеле да ја подобрите иднината.

3. Ослободете ги емоциите

Ако сте нервозни и посакувате да ја скршите чинијата или да се исплачете - направете го тоа и ослободете ги емоциите. Не ги држете затворени во себе, бидејќи на тој начин само повеќе ќе се чувствувате немоќни пред проблемите.

koga-se-kje-se-raspadne-fokusirajte-se-na-segasnosta-2

4. Следете ги сопствените совети

Најлесно е кога некому се дава совет и кога кажуваме некому што да направи, но најтешко е тој совет да се примени. Затоа секогаш слушајте ги сопствените совети и водете се според сопствените размислувања. Никој не ги знае вашите проблеми подобро од вие самите, зарем не?

5. Продолжете понатаму

Не застанувајте, туку продолжете со она што досега сте го правеле. Продолжете и понатаму со истиот распоред, но поставете нови и свежи животни цели. На тој начин, ќе заборавите на минатото и ќе се фокусирате на иднината.

6. Бидете благодарни

Кога вашите мисли се во неред и кога не забележувате друго ништо освен негативните исходи, запрете и соберете ги одново вашите спомени. Бидете благодарни за луѓето кои ги имате околу вас, можеби вашите деца, фамилија или пријателите кои ве сакаат. Во вашите најблиски пронајдете ја мотивацијата за да продолжите понатаму.

7. Искуството ви помага да созревате сѐ повеќе

Ние учиме од нашите неуспеси, а не од успесите. Затоа секој ваш неуспех гледајте го како ново искуство кое ви помага да се развиете и полесно да ги надминете сите животни ситуации. Не заборавајте, во потонатите бродови се кријат најголемите богатства. 

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg