Ако нешто сакаш, ќе се бориш до крај. Не попушташ, туку цврсто се држиш

Се чувствувам како бунар, преполн со разни чувства. Сите успеси и неуспеси наеднаш ме зграбија. Помислувам на сите пропуштени прилики и оние намерно пропуштени прилики...

ako-nesto-sakas-kje-se-boris-do-kraj-1

Сите за последен пат пуштаат искра, како огниште кое штотуку се гасне. Штотуку се гасне пламенче, кое можеше да биде голем оган, да жареше и палеше сѐ што ќе му се најдеше на патот. Само малку да можеше да биде потпален, ете толку малку му недостига на ова пламенче кое се бори да опстане. Но, не е.

Тоа скоро догорено пламенче е знак дека некој друг оган ќе дојде на негово место. А тој друг пламен што допрва ќе дојде, веќе е разгорен и ништо не може да му застане на патот.

Така е и со пропуштените прилики. Вие пропуштате една, но друг ја зграпчува приликата и цврсто за неа се држи.

Ако нешто силно го сакаш, не го пушташ. Или цврсто ја држиш таа прилика или пак, можеш само да замолчиш, почекаш и попуштиш...изборот е твој.

Тука е разликата меѓу луѓето кои бргу реагираат и оние кои чекаат...

Овие првиве, ех, тие се луѓе со цел и луѓе кои не само што знаат што сакаат туку знаат како да го добијат и задржат она што го посакуваат од животот.

Сѐ додека чекаме времето да ги реши сите работи, само повеќе се комплицираме и додека ние трпеливо чекаме, таму некој друг ги зграпчува нашите прилики и го живее нашиот сон.

Затоа, ако ви дојде прилика која ви е важна, не чекајте. Не дозволувајте вашата пропуштена прилика, некому да биде идеална добиена прилика.

Ако знаете што сакате, тогаш одете кон тоа и не дозволувајте тоа пламенче да згасне, туку разгорете го. 

Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Мајсторот го викам за поправка, а не да го угостувам – зошто веќе ми е страв да почестам со кафе и р... Мајсторот ни дојде, расчепка во таблата со осигурувачи, за еден час ја заврши ра...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg