Фотографија која ја враќа вербата во вистинска љубов до крајот на животот

Случајна фотографија од Дејан Ѓуриќ која се рашири на социјалните мрежи, го разгоре жарчето топлина и ја разбуди искрата надеж и верба за тоа дека постои вистинска љубов која трае и по 53 години брак.

fotografija-koja-ja-vraka-verbata-vo-vistinska-ljubov-do-krajot-na-zivotot-01

Дедо Бранислав (78) и баба Марица (71) Димитриевиќ од селото Равна Гора во Ивањевци, Србија фатени за рака како се шетаат низ чаршијата е фотографијата со над 11.000 лајкови на Фејсбук.

Откако наеднаш добија толкава популарност, биле контактирани од некои српски новинари за да ја раскажат својата приказна и да ја откријат тајната на нивната љубов.

Еве што зборува баба Марица:

„Не ни е лесно, останавме сами и стари на село, децата си отидоа по својот пат. Ама убаво ни е кога сме заедно. Деца мои, ако има љубов, има сè.

Доволен е само топол стисок на рацете и веќе ви е подобро, знаете дека некој е тука и се грижи за вас. Денес луѓето забораваат да се сакаат и да се почитуваат. Деца мои, тоа е најважно“.

Таа кажува дека секогаш дава и добива љубов , бидејќи покрај сите проблеми тоа е она што најмногу ви помага.

Плод на нивната љубов се двете ќерки, четири внуци, едно правнуче и уште едно кое е на пат.

„Нè стигнаа годините и Бране ми е нешто болен, не гледа од пред две години, па јас го водам. Среќни сме за децата што се здрави и задоволни, а тие се плод на нашата љубов“. – среќно ја завршува приказната, баба Марица и брза да подготви ручек, да го израдува дедо Бране со неговото омилено јадење.

Колку многу ни фали вистинска љубов, кога воздивнуваме од глетката на стари баба и дедо фатени за рака?

Толку далечно и недостижно ни се чини, а толку посакувано. Но, секојпат кога ќе видите ваков пар колку што истовремено ви се топли срцето и ви се враќа вербата дека постои вистинска љубов, толку некако ви делува невозможно за и вие да го доживеете во денешно време.

Сето тоа заради сите изместени вредности од новото време кога ваквата љубов се чини како од друг век. А примерот е тука, пред вас, но никој не учи, туку само се насмевнува и ги одминува со сликата во глава: „Ех, ама им било убаво на времето...“

Времето е сега и тука, само треба правилно да го користиме.

Би можело да ве интересира:

Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Бадник и Божиќ во мојот дом во Битола – Баба ми возбудено готви, јас дотеран за во црква Паметам кога бев малечок, уште во зорите на ладното зимско утро ќе ме разбудеа п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg