Мојот брат ми докажа дека во светот сѐ уште постојат добри мажи
Мојот брат е неколку години постар од мене и досега во својот живот имал точно три љубовни врски.
Кон крајот на летото тој ќе го каже судбоносното „Да” со една прекрасна Шпанка и ќе замине во едно малечко предградие во Мадрид. Изминатава година тој беше преокупиран со своите големи планови околу венчавката, со купувањето куќа и полека си го средува својот живот.
Поради обврските ние не се гледаме толку често како порано, но, сепак, не пропуштаме да седнеме на некое пиво (или неколку пива) и да уживаме смеејќи се и разговарајќи цела ноќ. Така ги надоместуваме сите пропуштени мигови...
Неговата огромна страст беше свирењето гитара и за разлика од мене тој сакаше да ги поминува ноќите со своите пријатели некаде на тивко и мирно место. Јас ги обожавам клубовите и запознавањето нови луѓе, но секогаш добро се согласувавме околу што било.
Една ноќ кога се вратив дома тој сѐ уште беше буден и некако ми излета прашањето низ уста: „Како знаеш дали навистина си подготвен да се ожениш?”.
Иако повеќе сакав да го прашам уште илјадници други работи од типот: „Дали си престрашен што ќе се жениш?”, „Нели сметаш дека е рано?” , „Сметаш ли дека си премногу млад?”, „Постојат ли некои работи кои сакаш да ги направиш во животот?”...
Иако генерациски не бевме голема разлика, сепак отсекогаш гледавме различно на врските и воопшто на љубовта. Откако го прашав, тој само ме погледна, ги крена рамениците и тивко ми рече:
„Никогаш не сум се прашал себеси за тоа”. Потоа сфатив дека јас бев таа која беше нервозна околу целата венчавка, а не тој. Не се воздржав, а да не го прашам зошто сака да се ожени и зошто толку брза да влезе во брак, кога тој никогаш до сега не бил сам. Со оглед на фактот дека имал три долги и сериозни врски, не можев да разберам зошто брзаше.
„Ја сакам”- сосема смирено ми одговори брат ми.
Срцето ми зачука силно, како да не го очекував овој одговор. Го погледнав додека седеше на креветот и гледаше телевизија. Тој е прекрасен, згоден, висок и е сѐ што една девојка би посакала. Не ме чуди фактот што навистина добрите мажи се венчаваат први и тоа со одлични девојки.
Кога и да се разочарам од некој состанок секогаш се присетувам дека таму некаде постои момче кое со огромно обожавање гледа во својата идна невеста. Јас секако не сум подготвена да застанам на „лудиот камен” или некому да кажам дека го сакам, но тоа ќе се случи бидејќи сум сигурна дека во светот постојат мажи кои нема да ми го скршат срцето и ќе ми покажат што навистина значи љубовта.
Досега не сум сретнала толку добро момче, но во мене сѐ уште тлее надежта и знам дека кога-тогаш тоа ќе се случи. Понекогаш е навистина тешко зад солзите да го видите виножитото, но со само малку надеж ќе успеете да ја придобиете целата среќа и светлина која ја заслужувате.
Најлошото што можете да си го направите е да се откажете. За мене голем пример беше мојот брат, тој нека биде и ваш пример. Или можеби некој ваш пријател кој никогаш не ја заборава годишнината, кој секогаш ја гледа својата девојка како да е единствена убавина во светот и како целосно да и се предава со духот и телото.
Пронајдете некој кој и вас така ќе ве гледа, само тогаш животот ќе ви биде исполнет.
Во светот сѐ уште постојат добри мажи и жени. Ако еден ве повредил не значи дека тоа ќе го сторат и сите што ќе се појават после него.
Светот е преполн со различни индивидуи и ако ова е тоа што го посакувате бидете сигурни дека ќе го добиете.