Работи кои посакувам некој да ми ги кажеше кога завршував средно

Крајот на средното образование значи еден нов почеток во животот преку кој ќе се судрите со реалноста која досега можеби не ја сфаќавте толку сериозно.

raboti-koi-posakuvam-nekoj-da-mi-gi-kazese-koga-zavrshuvav-sredno-1

Можеби не веднаш, но за година, две ќе сфатите многу нешта и ќе почнете сериозно да размислувате за иднината.

 Затоа запомнете ги овие работи кои се клучни за вашиот почеток кон новите животни подвизи:  

Збунети сте и тоа е во ред. Ако не знаете што сакате понатаму во животот, зошто да тргнете по погрешен пат? Никој не вели дека не смеете да паузирате една година од образованието. Наместо тоа следете курсеви од областите кои сакате да студирате и на тој начин полесно ќе сфатите со што всушност сакате да се занимавате во иднина.

Подобро да ризикувате една година, отколку целиот живот да го поминете правејќи нешто што не сакате.

Поставувајте прашања. Пред да се запишам на факултет, не се консултирав со никого. Кога го паднав првиот испит повторно никого не прашав што да направам за да се подобрам.

Никому не се обратив се до моментот кога сфатив дека за да успеам морам да ги поставам оние „1000 зошто” прашања. Колку и да сметате дека прашањето ви е излишно - поставете го. Иако имате 18 години и сте полнолетни, тоа во ниеден случај не ве прави возрасни.

Сакајте ја работата. Ако сте одлучиле да работите за време на студирањето третирајте ја работата како да ви е од соништата. Не заборавајте се што правите е само плус за вашето искуство. Со секој преземен чекор се усовршувате себе си. Шансите може да се појават кога најмалку очекувате.

Најдоброто допрва доаѓа. Ако до сега ви велеа дека средношколските години се најубавите во вашиот живот, заборавете на тоа. Најдоброто допрва доаѓа. Немојте да бидете премногу сериозна личност. Уживајте!

Она што посакувам некој да ми го кажеше за да ме поттикне е дека во животот најважно е да се насочите кон вашата страст. Сакате музика, сликарство, економија, право? Што и да е, не се откажувајте од вашата голема страст. Поголеми се шансите да успеете во нешто што го обожавате отколку во нешто што едвај седнувате да го научите.

Мудро избирајте ги пријателите. Луѓето кои ќе ги сретнете низ животот не секогаш ви се пријатели. Запомнете, еден пријател е замена за илјадници луѓе. Бидете претпазливи, не секој сака да ви помогне.

Бидете онаа личност која од секогаш сте посакувале. Не дозволувајте студентскиот живот да ве промени.

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg