Mојот татко ме научи...

Мојот татко ми го подари најубавиот подарок, кој јас денес го подарувам на другите, а тоа е довербата.zivotni-lekcii-na-koi-me-nauci-mojot-tatko-3

Во животот на девојките, татковците играат голема и клучна улога која подоцна се одразува врз нивниот натамошен живот. Односно кога веќе девојчето треба да порасне и да се судри директно со целиот тој свет надвор од заштитничките прегратки на својот татко.

Татко ми навистина ме научи на најважните животни лекции и овие принципи треба да ги знаат сите девојки.

Тој ме научи дека сум навистина посебна. Со денови ми раскажуваше дека секој човек носи нешто посебно и специјално во себе и дека со текот на годините успева да го искористи во добри цели.

Ми говореше дека е најважно да сум среќна и тоа ми помогна во потрагата по мојата друга половина.

Татко ми ме научи дека го заслужувам најдоброто од животот. На најразлични начини тој се трудеше да ме научи колку е важно да се има самодоверба и никогаш да не откажувам од моите соништа.

Ако сакате вашата ќерка да биде среќна, тогаш дајте и на знаење дека не е важно што другите мислат за неа.

Ме научи како покрај сите падови во животот да останам доволно силна и да се изборам со сите тешкотии.

Колку и да сакаме, нашиот татко нема да остане покрај нас во секој миг од нашиот живот и тој тоа го знае, токму затоа својата ќерка ја учи на издржливост.

Никогаш немојте да бидете престроги кон вашата ќерка, туку научете ја како таа самата да се контролира во одредени ситуации.

Самодисциплината е клучна алка во животот на девојките, а таа лекција им ја овозможуваат токму татковците.

Николас Спаркс вели: „Да се биде родител е најтешката животна работа која некогаш ќе ја правите, но таа ве учи што е безусловна љубов”. Токму тоа е она на што мојот татко ме научи.

Обврската на таткото е да ѝ покаже на својата ќерка што е љубов.

zivotni-lekcii-na-koi-me-nauci-mojot-tatko-1.jpg

На тој начин девојката го развива својот внатрешен свет и таа знае што е потребно за безусловна љубов и како да ја пронајде истата во понатамошниот живот.  

Затоа татковци, не заборавајте да им го подарите целото свое време и внимание на своите ќеркички.

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg