Што навистина значи кога ти кажувам „Tе сакам“?

Овие два збора се речиси злоупотребени со пречестата употреба. Ги кажуваме  на улица, ги пишуваме на Фејсбук ги чкртаме по ѕидови, праќаме пораки и што ли уште не. Се чини како веќе целосно да го загубиле своето значење, па се кажуваат како „Добро утро“.

sto-navistina-znaci-koga-ti-kazuvam-te-sakam-01

Како во едно вакво модерно време да ми веруваш дека јас сум една старомодна девојка која верува во вистинското значење на овие два збора?

Како да ми веруваш дека кога ќе ти кажам „Tе сакам“ тоа е нешто посебно. За мене, овие зборови во себе кријат една посебна приказна, пренесуваат посебна порака.

Она што навистина сакам да ти го кажам кога велам „Tе сакам“ е дека те прифаќам онаков каков што си, тотално и целосно. Со сите твои маани и доблести.

Го забележувам секое твое движење, треперење и возбудување во твоето тело и во твојот ум. Ја гледам убавината на твоите несовршености.

Она што сакам да ти го кажам е дека не сакам никогаш да се промениш. Важен си ми токму онаков каков што си.

Она што сакам да ти го кажам кога велам „Tе сакам“ е дека ти ме инспирираш да бидам подобра личност, да пробам нови работи, да бидам храбра, да не се плашам, да кажувам што мислам. Бидејќи штом некој толку посебен како тебе ме сака, мора и јас да се сакам себе.

sto-navistina-znaci-koga-ti-kazuvam-te-sakam-3

Она што сакам да ти го кажам кога велам „Tе сакам“ е дека те сакам во мојот живот, сега и засекогаш. Моите чувства никогаш нема да се променат, сигурна сум.

Јас не можам да бидам ваква јас, ако сум без тебе. Се променив уште откако влезе во мојот живот. Остави неизбришлива трага која засекогаш останува. Тоа не може да се промени.

Она што сакам да ти го кажам кога велам „Tе сакам“ е дека сум целосно твоја и засекогаш ќе бидам.

Ти го подарив срцето и верувам дека ти се грижиш најдобро за него. Се гордеам што сум твоја девојка и тоа сакам секаде да го покажувам, бидејќи и јас сум подобра личност кога ти си покрај мене.

sto-navistina-znaci-koga-ti-kazuvam-te-sakam-4

Она што сакам да ти го кажам кога велам „Tе сакам“ е дека сите твои проблеми се и мои. Ти си дел од мојот живот и заедно ги делиме и успесите и неуспесите. Ти благодарам што ми дозволуваш да бидам дел од сето тоа.

Она што сакам да ти го кажам кога велам „Tе сакам“ е дека се надевам дека и ти го чувствуваш истото.

Се надевам дека ме гледаш каква што сум навистина, дека не ти пречат моите несовршености и дека си горд на девојката покрај тебе.

Се надевам дека ме сакаш во твојот живот и дека сум успеала да го променам на начинот на кој ти го промени мојот.

Она што навистина сакам да го кажам кога велам „Tе сакам“ е дека навистина тоа го мислам и чувствувам.

sto-navistina-znaci-koga-ti-kazuvam-te-sakam5

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg