Научив да бидам самостојна и да не зависам од мојот маж
Понекогаш жените се навикнуваат да се потпираат на своите партнери буквално за што и да станува збор, дури и ако е обична ситница во прашање.
Да се биде самостојна жена која умее да се грижи самата за себе е навистина важна работа во животот и затоа јас преку некои едноставни работи научив како да не зависам од мојот партнер.
Нема зошто да барам туѓа помош за одредени работи кои можам самата да ги применам. Бидете самостојни и не дозволувајте си да зависите од некого. Започнете токму од овде:
Научив како да се грижам самата за сопствениот автомобил
Пукнала гума? Не паничам и не го вртам бројот на мојот партнер, туку научив како самата да ja променам. И не само тоа, сега знам како да го проверувам маслото во моторот, да ги пумпам гумите на бензинска и уште некои ситници. Не сте ни свесни колку овие работи можат да ви го променат животот во однос на вашата независност.
Научив да готвам совршено
Иако многу жени се одрекуваат од тоа тие да бидат единствени во домот кои ќе готват, но верувајте друг избор и немате. Најважно од сè е да научите како самостојно да го чувате во ред вашиот дом.
Не чекам од партнерот
Kога станува збор за моите кредитни картички и заостанати долгови научив како да водам белешки и со текот на времето научив колку е важен финансискиот дел од животот, а мојот партнер е оној кој единствено ми асистира и ништо повеќе.
Кога тој ќе замине на пат јас не се чувствувам ни малку беспомошно во својот дом
Тоа е така бидејќи научив сѐ што ми е потребно кога станува збор за мали поправки. Знам да променам сијалица, да го поправам интернетот, телевизорот и сè останато за што до тој момент го повикував него.
Можеби до пред неколку години не бев подготвена да се грижам ниту за себе, но сега знам како да им пружам целосна нега на сите околу мене. Без разлика дали станува збор за чување на детето на мојата пријателка или за кучето на мојата сосетка немам проблем да се грижам совесно за нив.
Ако вие сте независни и самостојни, другите без проблем ќе ви го доверат својот живот.
Научив како да се сакам себе си
Знам дека сум способна да направам многу работи и никој не може да ме сопре во моите цели. Се повеќе ја отстранува мојата зависност од другите луѓе и чувството е незаменливо.
Независноста е навистина важна карактеристика, бидејќи кому можеме да се потпреме најмногу освен на самите себе?