Во 20-тите години сите сфаќаат неколку работи
Младост – лудост, убаво велат. Во тинејџерските години и најлудиот период ги правите сите истражувања на светот и барањето на себеси, но и многу грешки.
Сигурно сите мислат дека знаат сè и дека се најпаметни, а всушност не знаат ништо за животот.
Како одминува времето така сфаќате и признавате дека не сте во право.
Сакале или не, некои работи им се случуваат на сите соодветно на годините.
Па, така, во 20-тите години сите сфаќаат неколку работи:
1.Одењето во кревет пред полноќ наеднаш станува многу кул.
2. Не постои ништо поиритантно од тинејџерите и жал ви е што некогаш сте биле исти такви.
3. За да ги видите пријателите мора да им се јавите и да ги договорите. Не ги среќавате штом излезете.
4. Мамурлакот е одвратен. Сетете се само на добрите времиња кога можевте да пиете и 5 дена по ред и понатаму да функционирате.
5. Сите особини на ликовите кои некогаш ви биле симпатични, сега ви се смешни.
6. Во еден момент сфаќате дека подобро е да штедите, отколку да се расфрлате на глупости.
7. Најпопуларните ѕвезди наеднаш се многу помлади од вас, а вие уште не сте постигнале нешто значајно во животот.
8. Не мора да бидете перфектни во кујната, но мора да знаете да се прехраните и притоа да не ја запалите куќата.
9. Подобро ви е да имате 5 вистински пријатели, отколку 50 лицемерни
10. Времето навистина лета и колку сте постари, толку побрзо ви доаѓа 1-ви во месецот.