Во животот заслужуваш личност која...

Заслужуваш љубов и сигурност, топлина која ти го грее телото и срцето истовремено. Заслужуваш да знаеш дека личноста која е до тебе сака да биде токму таму каде што е.

vo-zivotot-zasluzuvas-licnost-koja-01

Ова е посветено на онаа личност која секогаш ќе биде на твоја страна, ќе ги води твоите битки заедно со тебе затоа што знае дека истото ќе го добие за возврат.

Затоа, не заслужуваш ништо помалку од личност која ќе се смее на твоите шеги и ќе ти се насмевне кога ќе види среќа во твоите очи.

Заслужуваш некој кој ќе ти носи кафе во тмурните и сончеви утра, затоа што совршено ја разбира твојата зависност од кофеин.

Заслужуваш некој кој ќе ги подава рацете кон тебе, постојано. Тие можеби нема да бидат совршени, но знаеш дека ти припаѓаат тебе. И нема да допрат никој друг, барем не како што те допираат тебе.

Заслужуваш некој кој нема да те натера да заплачеш. Човек си и длабоко во себе имаш милион чувства кои некогаш ќе завршат со една, но некогаш со стотици солзи. Сепак, до тебе заслужуваш да имаш човек кој ќе те прегрне додека невремето не запре.

vo-zivotot-zasluzuvas-licnost-koja-02

Заслужуваш извинување, заслужуваш простување. Сè додека ги даваш истите.

Во животот заслужуваш некој чиј допир ќе те тера да почувствуваш огномет низ телото, кој ќе те натера да ги отвориш очите широко, а за момент да ја замолчиш устата.

Заслужуваш некој кој упорно ќе те турка сè додека не го извлече најдоброто од тебе или од можноста која ти е дадена.

Заслужуваш некој кој заедно ќе сонува со тебе, ќе патува, ќе фантазира. Заслужуваш личност која ќе ти го подари своето време, своето внимание, својата удобност додека е со тебе.

И сето ова го заслужуваш само ако трае до крајот на животот!

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg