Тато, ти благодарам...
Ти благодарам за секоја променета пелена, тогаш кога не знаев ниту како се викам, ниту пак кој си ти.
Ти благодарам што никогаш не се откажа од мене, дури и кога бев тешко болна. Ти благодарам и за секоја играчка која ми ја купи.
Тато, ти благодарам за секоја прегратка! Ти благодарам за секој пат кога не ме удри и покрај тоа што бев неподносливо немирна.
Тато, ти благодарам за моето прво кутре Дона. За мојот папагал, златна рипка и плишано мајмунче кое беше три пати поголемо од мене.
Ти благодарам за секое развозување низ градов. Ти благодарам за секој пат кога се будеше за да ме вратиш дома, иако не знаев каде се наоѓам.
Ти благодарам што ми подари и брат и сестра!
Ти благодарам што имаш големо и топло срце и без мака ме научи да бидам иста како тебе.
Ти благодарам што го помина половина свет, само за да ме усреќиш!
Тато, ти благодарам што од мене изгради личност способна за достоен живот.
И извини што сега имам грутка во грлото и солзи во очите, и покрај тоа што не ме учеше така.
Но, немаш претстава уште колку „ти благодарам“ имам да ти докажам...