7 причини зошто нема да успееш во животот

Вообичаено читаме правила, цитати и совети како да успееме во животот. Овде од еден сосем поинаков агол е поставено друго гледиште на успехот наспроти неуспехот.

7-pricini-zosto-nema-da-uspees-vo-zivotot-01

Ако досега ги откривавте причините и последиците за да успеете, овде дознајте ги причините зошто нема да успеете!

„Да, така е, ме слушна...тебе ти зборувам! Те гледам во очи. Добро, не баш во очи, бидејќи сигурно ова го читаш на екранот, но фигуративно, замисли дека во овој момент ти правам дупка на челото и ти кажувам дека немаш никакви шанси.

Ти велам, ако го прочиташ овој текст, ја погледнеш листава и ако не препознаеш дека сѐ се однесува на тебе, би требало да бидеш малку загрижен.

Всушност, би требало да бидеш многу загрижен. Би требало да оставиш сѐ и да се запрашаш која е целта на твоето постоење. Најди огледало, погледни се во очи и удри си шамар.

Сфати? А сега повторувај го тоа додека не сфатиш дека ова навистина се однесува на тебе.

Овде зборувам за улични вештини.

Јас не зборувам за она: учи вредно, малку забавувај се, заврши факултет со добри оценки.

Јас не зборувам ниту за она: забавувај се лудо, не оди на предавања, пуши марихуана,опијани си, ама сепак заврши факултет.

Јас зборувам за тоа да излезеш од дома и да направиш нешто конкретно. За тоа зборувам.

Да излезеш од куќата на мама и тато, да дадеш отказ од сигурната работа, да се оддалечиш од сите и потоа навистина да направиш нешто. За тоа ти зборувам.

Јас зборувам за вештините кои ќе ги научиш во вистинско светло, надвор од сигурната зона, од родителскиот дом или од идеолошките програми кои те следат во целото образование.

Зборувам за вештини кои секој може да ги научи ако сака, но тие и покрај тоа полека исчезнуваат.

Тие вештини не може да се научат од книги или часови. Тие вештини може да се научат само во пракса. Како што би научил да пливаш ако се фрлиш во вода без спасувачки елек.

Тие вештини ќе ги научиш дури кога ќе се откриеш вистински пред себе. Кога сѐ ќе ставиш на коцка и ќе се соочиш со пропаста. Тие вештини ќе ги научиш само ако си подготвен да ризикуваш сѐ за да постигнеш нешто фантастично.

Она што сакам да кажам е дека во играта наречена живот и немаш некои шанси...“

1. Затоа што не си изгубил доволно пати во животот

Затоа што се чувствуваш прилично добро во својата просечност, затоа што си одлучил да не се ни обидеш.

Затоа што полесно е да зборуваш за тоа како учиш нешто ново, отколку истото да го направиш.

Затоа што ја мразиш работата, ама не сакаш да пронајдеш нова, затоа што полесно е однапред да го отфрлиш можниот неуспех со кој би можел да се соочиш.

Затоа што полесно е да не се обидеш, отколку да излезеш, да пробаш, па дури и ако си сигурен дека нема да успееш. Но, ќе научиш нови работи и ќе имаш предизвик.

Затоа што кога и да не сум успеал, сум научил и потоа сум го променил правецот за да одам напред. Како ковањето на железото што мора да помине низ оган за да го добие вистинскиот облик.

2. Затоа што не ти е грижа што мислат другите

Затоа што мора да се вклопиш.

Затоа што веруваш дека е во ред да се биде поинаков, но ако си само поинаков на ист начин како што се сите останати поинакви.

Затоа што се плашиш да се соочиш со самиот себе поради стравот од другите. А така размислуваш затоа што самиот им судиш на останатите, па според тоа мора и другите да ти судат тебе на ист начин.

Затоа што повеќе ти значат работите кои ги имаш, отколку работите кои си ги направил.

Затоа што трошиш пари на облека, автомобили, скапи ресторани или излегувања.

Јас вложувам во себе. Додека ти се обидуваш да се вклопиш во светот, јас светот го приспособувам на себе.

Затоа што јас без размислување ќе ја отфрлам сигурноста и ќе се покажам пред светот. Ќе станам отпорен на туѓите мислења и ќе стојам потполно гол во масата на идеи, но ќе знам дека ти си останал просечен, додека јас сум направил некои посебни работи.

7-pricini-zosto-nema-da-uspees-vo-zivotot-2

3. Затоа што мислиш дека си попаметен од тоа што си

Затоа што си направил сѐ што направиле и сите други. Си го учел она што го учеле и сите други и си го прочитал тоа што го прочитале и сите други.

Затоа што си го научил она што требало за да ги положиш нивните испити и тестови, а сега мислиш дека си паметен токму поради тоа.

Затоа што мислиш дека учењето е нешто што се прави во училиште.

Додека ти беше на факултет, јас учев живот. Наместо да учам за светот, јас излегов во тој свет. Можеби немам диплома, но ти слободно одбери тема за која сакаш да разговараме.

Затоа што можам да ги положам сите твои тестови ако треба, но ти не би издржал ниту една секунда пред предизвиците кои ми ги приреди животот. Предизвици кои не се направени врз основа на тежината, туку само врз основа на еден критериум, а тоа е – или ќе преживееш или не.

4. Затоа што не читаш

Затоа што читаш работи кои се бараат од тебе или воопшто не читаш.

Затоа што мислиш дека историјата е досадна, а филозофијата е глупава.

Затоа што повеќе ќе гледаш MTV отколку да истражиш нешто ново, наместо да влезеш во мозокот на другите за подобро да го разбереш светот околу себе.

Затоа што одбиваш да прифатиш дека моќта на овој свет доаѓа од зборовите на луѓе кои живееле пред тебе. Дека сѐ што сакаш уште сега можеш да го пронајдеш во зборовите кои денес ни се подостапни од кога било.

Затоа што веројатно не го ни дочитуваш овој текст иако знаеш дека можеби треба.

Затоа што луѓето кои го читаат овој текст веќе ги знаат овие работи.

Затоа што можеш да ги одведеш коњите на поило, но не можеш да ги натераш да ја испијат водата.

5. Затоа што не си љубопитен

Затоа што уредно ја добиваш својата порција сервирани вести од контролираните медиуми.

Затоа што не си подготвен да го поставиш прашањето : Што ако сѐ е лага? Потоа ја прифаќаш можноста дека всушност тоа е лага. Можеби затоа што техниките на мас медиумите се направени само за да те збунат.

Затоа што мислиш дека јас сум сфатил сѐ, но не можеш да прифатиш дека ти не знаеш ништо.

Затоа што јас сум желен за знаење, без оглед на темата.

Затоа што играш Candy Crush или Megalopolis, додека јас читам за квантна механика.

Затоа што ти губиш време на апликации, а јас учам да уредувам видео, да направам веб страница или да дизајнирам мобилна апликација.

Затоа што би те уништил ако започнеме расправа. Затоа што моите аргументи ќе ги бранам од секој агол за да сфатам сѐ што би можел да кажеш против мене.

Затоа што сум одлучил да ги разберам двете страни на приказната за да можам да ги застапувам и твоите ставови и да победам, дури и ако те поразам во дебатата.

7-pricini-zosto-nema-da-uspees-vo-zivotot-1

6. Затоа што не поставуваш доволно прашања

Затоа што не ги преиспитуваш авторитетите.

Затоа што не си поставуваш прашања на самиот себе.

Затоа што не ја разбираш моќта на добро поставени прашања во животот, разликата во мислењата и борбата за своите ставови како некој кој се обидува да те убеди во спротивното.

Затоа што не можеш да ја преиспиташ реалноста, затоа што си стуткан во сопствената матрикс монотонија.

Затоа што знам дека во обичен разговор ќе ми ги откриеш сите информации кои ми се потребни за да те уништам.

Затоа што јас го проучувам однесувањето на луѓето, додека ти ги игнорираш сите останати, освен себе.

Затоа што следам како ги изговараш зборовите исто како што слушам што зборуваш. А зборуваш премногу.

Затоа што вистинската моќ не доаѓа од игнорирање, туку од правилно поставени прашања.

Затоа што јас се занимавам со основните идеи на твојот аргумент и можам да ги пресечам во корен пред  ти да сфатиш дека воопшто имаш идеја.

7. Затоа што не можеш да ја прифатиш вистината

Затоа што одбиваш да признаеш дека некои работи не ги знаеш.

Затоа што не постои текст на интернет кој ќе ти го надомести времето кое си го потрошил во животот.

Дури и кога би ти објаснил сѐ, ти пак ќе чекаш до утре за да почнеш. А светот до тогаш може целосно да се промени

Затоа што и кога мислиш дека не сум, јас сум свесен за светот околу мене.

Затоа што мислиш дека не сум те забележал ако не сум ти покажал.

Затоа што одиш само со крената глава, несвесен за светот околу тебе, игнорирајќи го светот кој е толку блиску што би можел да почувствуваш вкус само ако ја отвориш устата. Само тогаш би сфатил колку е вкусна вистината.

Затоа што веднаш би се навлекол на него. Би ги сфатил своите недоразбирања и потоа би можел конечно да разбереш дека единствено нешто што те спречува да направиш нешто неверојатно, си самиот ти!

Заради сите овие причини кои се однесуваат на тебе, ако не ги промениш, нема да направиш ништо значајно во животот!

7-pricini-zosto-nema-da-uspees-vo-zivotot-3
Извор: raymmar.com

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg