Кога ќе те стигнат и притиснат години, отвори ја книгата со детски спомени...

koga-kje-te-stignat-i-pritisnat-godini-otvori-ja-knigata-so-detski-spomeni-01

Еден ден, кога годините ќе почнат да ви го крадат детството, тргнете едно негово делче во некое скриено катче и сочувајте го.

Немојте да дозволите да падне во заборав, бидејќи тоа ќе остане ваше најголемо богатство.

Извадоци од албумот со сликички Сара Кеј

1. Другарството е ѕвезда што небото го краси, треба да се чува – да не се изгаси.

2. Се шепотат песни, се шепотат тајни, се шепотат заклетви големи и трајни.

3. Сè што ќе стекнеш во животот, сè е празно, сè! Сè може да се заборави, но другарството не!

4. Ако некој го отвори мојот споменар, во цела училница ќе направам дар-мар.

5. Сè уште те сакам, можеби е грешка, додека сум тажна на друг му се смешкам.

6. Еднаш тој ми призна – од мене се срами. На лице му видов дека не ме мами.

7. Ти испраќам писмо од срце напишано, врати ми го брзо, од тебе потпишано.

8. Не ти праќам цвет што брзо ќе свене, ти испраќам писмо сети се на мене.

koga-kje-te-stignat-i-pritisnat-godini-otvori-ja-knigata-so-detski-spomeni-1

9. Колку го сакам, само јас го знам, неговото име не го кажувам.

10. Едно момче сакам, има очи сини, не знам дал ме сака, или ми се чини.

11. Сега, после долго време, за мене се најскап дар, спомените сочувани во детскиот споменар.

12. Кога ќе си стара обелена бабичка, срце ќе ти грее, спомен ученичка.

13. Бело, сино, црвено, јас те сакам искрено, но не знам зад која боја, се крие љубовта твоја?

14. Срцето ми вели, дека тој е нај. Ако ме сака ќе дојде на чај.

15. Откако те засакав добив апетит, те чекам на ручек, не доаѓај сит.

16. Златни раце матат вешто, ќе испадне барем нешто.

koga-kje-te-stignat-i-pritisnat-godini-otvori-ja-knigata-so-detski-spomeni-2

17. Вчера нешто јас те прашав, молчиш, не ми одговараш, штом си толку вообразен, друга да си побараш.

18. Моето срце не е колаче со шлаг, не го давам никому што не ми е драг.

19. Сини се твоите очи, сина е косата твоја, сината, заради тебе, е моја омилена боја.

20. Сјајна месечина, полека си заоѓа, а твојата слика, пред очи ми доаѓа.

21. Ако си сама, ако срцето ти е рането, ако солза ти го замаглила окото и сенка од така ти го покрила лицето, сети се дека постои едно безбедно гнездо...твојот ДОМ.

koga-kje-te-stignat-i-pritisnat-godini-otvori-ja-knigata-so-detski-spomeni-3

koga-kje-te-stignat-i-pritisnat-godini-otvori-ja-knigata-so-detski-spomeni-4

koga-kje-te-stignat-i-pritisnat-godini-otvori-ja-knigata-so-detski-spomeni-5

koga-kje-te-stignat-i-pritisnat-godini-otvori-ja-knigata-so-detski-spomeni-6

koga-kje-te-stignat-i-pritisnat-godini-otvori-ja-knigata-so-detski-spomeni-7

koga-kje-te-stignat-i-pritisnat-godini-otvori-ja-knigata-so-detski-spomeni-8

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg