Банка на времето - Вчера е засекогаш минато!

Замислете си, секое утро кога ќе станете, една банка на вашата сметка става 86.400 евра. Што ќе направите со нив?

banka-na-vremeto-vcera-e-zasekogas-minato-01

1 правило: Сè што нема да потрошите во текот на денот ви се зема навечер. Не смеете да лажете, ниту да ги префрлате парите на друга сметка. Имате право да ги потрошите исклучиво во текот на истиот ден, но не заборавајте дека утре дента кога ќе се разбудите, повторно на сметката ќе имате 86.400 евра за тој ден и секој следен останат.

2 правило: Банката може да ја прекине оваа игра без предупредување. Во било кој момент може да ве извести дека сметката е минато, исто како и дневната сума од илјадници евра.

По наше мислење, без сомневање парите ќе ги трошите на забава и шопинг, како и на подароци за оние кои ги сакате. Ќе се потрудите секое евро да ви донесе задоволство.

Ќе се запрашате, а каде има таква банка?

Ако подобро размислите, ќе разберете дека секое утро сте дел од ваква банка. Само што на располагање имате време, наместо пари.

Секое утро кога ќе се разбудите на вашата животна сметка имате отворен кредит од 86.400 секунди. Тоа што нема да го проживеете денес - изгубено е. Вчера одамна веќе помина!

Секое утро магијата се повторува. Но, понекогаш забораваме дека без никаква најава може да престане, исто како што и започнала!

Што правите  вие со вашите 86.400 секунди во денот?

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Водици некогаш во Охрид - Со нетрпение чекавме да се фрли крстот во студеното езеро“ Традиционално за Водици, јас секоја година одев во Охрид каде што живееше мојата...
„Мамо, заработи ли во странство доволно пари за да ми купиш ново детство?“ – трогателно писмо кое ќе... „На мои 4 години со тато отидовте во странство за да заработите за мојата иднина...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...
8 работи кои некогаш беа хит, а денес се застарени Некогаш рецепти баравме во тетратките на баба, денес ги пребаруваме преку интерн...
Омиленото годишно време открива какви сте во љубовта (но и каков ви е карактерот) Многу работи го дефинираат начинот на кој луѓето сакаат и се однесуваат во љубов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg