Вонбрачна заљубеност
Бракот не е превентивна вакцина против заљубеноста. Бурмите не ве штитат од вонбрачни афери. Совршено извезениот потпис на парче хартија не е вечен жиг на срцето.
Една мудра баба неодамна ми ја раскажа нејзината животна приказна. Сè започна со нејзиниот долгогодишен брак.
Нејзиниот маж некогаш патувал онаму каде работата го носела. Бил баран мајстор, па не можел да ја ризикува својата кариера. Успехот го однел во сосема друга држава на неколку месеци.
Таму се заљубил. Силно, искрено. Баш како и првиот пат.
По завршената работа се вратил со фотографија од новата жена која ја запознал. Не открил дека е женет, излажал дека живее со својата мајка.
Сепак, таа жена во која се заљубил била внимателна и не му подарила ништо повеќе освен своето срце.
Едно утро, со горко кафе во раката и уште погорчливо срце, и се доверил на својата жена.
Верувал дека таа му е најверниот пријател, па и ја раскажал маката.
Таа само тивко го прашала дали чува нејзина фотографија. Мажот изненаден, и ја подал единствената која му останала од неа.
„Прекрасна е!“ заклучила. „Дали имаш уште нешто нејзино? Адреса, број, писмо?“
Мажот и дал сè нејзино што поседувал.
По неколку секунди, со неколку ливчиња во раката, жената се упатила накај каминот. 10 секунди подоцна сè се претворило во пепел.
„Слушај ме добро! Со тоа сега е готово и не сакам да слушнам ништо повеќе за неа.“
Некое време бил лут и бесен, но го продолжил својот брачен живот како што се договорил со сопругата.
Години подоцна, кога повторно му се пружила шанса, тој решил да ја заврши аферата уште пред да ја започне. Бил свесен дека до себе има жена која не се срами да се бори за него и нивниот брак, а ова би била уште една препрека.
За момент, сфатил дека горчината и оптужувања се многу потешки отколку да одолее на искушението.
Оваа мудра баба веќе неколку години е вдовица, која неретко се присетува на својот богат брачен живот. Без горчина.
Никогаш не го презирала својот човек што бил слаб. Никогаш не се посомневала во своите борбени способности. Бракот бил нејзина битка од која не смеела да се откаже!
Запаметете, ако се потпишувате да стапите во брак, тогаш потпишувате и да се борите за него. До крајот на животот!
Само вие ја имате должноста да го сочувате. Или да го пуштите вашиот човек да оди онаму каде срцето го води, ако не можете да се борите против неговите слабости.
Звучи старински, традиционално. Но, делотворно.