Важни животни лекции кои постојано ги забораваме
Животот е отворена книга, потребно е само да ги пронајдете вистинските зборови кои ќе ја состават суштината.
Ова се неколку лекции кои треба да ги запомните:
1. Ќе добиете тело. Можете да го сакате или мразите, но тоа ќе биде ваше засекогаш.
2. Секојдневно ќе учите нови лекции. Запишани сте во редовно училиште наречено живот.
3. Не постојат грешки, само лекции. Растот и напредокот е процес на обиди, затоа експериментирајте.
4. Лекцијата се повторува додека не се научи. Ќе ви биде понудена во милиони облици, па на крајот ќе мора да ја запаметите. Дури тогаш може да преминете на следната.
5. Учењето никогаш не престанува. Додека сте живи, нови работи ќе ве пресретнуваат.
6. Таму секогаш е подобро отколку овде. А, кога нашето таму ќе стане овде, тогаш се појавува ново таму кое изгледа многу подобро од овде.
7. Огледајте се на другите. Можете да ги сакате или мразите, но има нешто во нив заради што ги сакате или мразите. Обидете се да го откриете тоа нешто.
8. Само од вас зависи каков живот ќе водите. Ги поседувате сите способности и особини кои ви се потребни, ваше е како ќе ги искористите.
9. Решението се крие во вас. Одговорите секогаш се кријат во вас. Потребно е само внимателно да гледате, слушате и верувате.
10. За жал, на крајот на денот, сите овие лекции ќе бидат заборавени!