Во животот научив дека...

Во текот на животот се соочуваме со разни искуства преку кои може да доживееме и големи успеси, но и неуспеси и грешки од кои е важно да извлечеме поука. Некои лекции треба да ги научат сите луѓе, но на различен начин.

sto-naucivte-od-iskustvata-vo-zivot-01

Она што е вистински вредно останува и вреди да биде запаметено. Можеби често повозрасните ни ги кажуваат однапред поуките, но ретко кој знае да послуша без претходно да го доживеат истото.  

Оној кој се соочил со сите животни искуства од кои му го промениле животот на еден или друг начин ќе ви каже што научил:

1. Научив дека не можеш некого да натераш да те сака. Единствено што можеш да направиш е да бидеш некој кој може да биде сакан од другите. Останатото е на нив.

2. Научив дека колку и да се грижам за другите, некои луѓе не знаат да возвратат со грижа и внимание.

3. Научив дека потребни се многу години за да се изгради довербата, но доволен е само еден момент за да се сруши.

4. Научив дека не е важно што имаш, туку кого имаш во животот.

5. Научив дека со шарм можеш да привлечеш некого на 15 минути, после тоа ќе мора нешто и да знаеш.

6. Научив дека не треба да се споредуваш со другите кои се подобри од тебе, туку со најдоброто нешто што можеш ти да го направиш.

7. Научив дека не е важно што ти се случува, туку што правиш ти во врска со тоа.

8. Научив дека е многу полесно да реагираш, отколку да размислуваш.

9. Научив дека од саканите секогаш треба да се разделуваш со убави зборови, бидејќи можеби тоа е последен пат што ги гледаш.

10. Научив дека секогаш можеш да продолжиш понатаму, колку и да мислиш дека не можеш.

sto-naucivte-od-iskustvata-vo-zivot-3

11. Научив дека ние сме одговорни за она што го правиме, не за она што го чувствуваме.

12. Научив дека херои се луѓето кои го прават она што треба да биде направено без разлика на сите последици.

13. Научив дека за да научиш да простиш, потребно е пракса.

14. Научив дека постојат луѓе кои те сакаат, но не знаат како тоа да ти го покажат.

15. Научив дека со најдобриот пријател можеме да правиме сè и да не правиме ништо, а пак да го поминуваме најубавото време заедно.

16. Научив дека понекогаш луѓето кои очекуваш да те отфрлат, на крајот може да бидат токму оние кои ќе ти помогнат.

17. Научив дека само затоа што некој не те сака на начинот на кој ти посакуваш, не значи дека не те сака целосно на поинаков начин.

18. Научив дека не е секогаш доволно да им простиш на твоите пријатели, понекогаш е потребно да си простиш и себе.

19. Научив дека ако двајца се согласуваат, не значи дека се сакаат. Исто и дека ако двајца не се согласуваат, не значи дека не се сакаат.

20. Научив дека повеќе луѓе гледаат во исто нешто на сосем различен начин.

sto-naucivte-od-iskustvata-vo-zivot-2

Што научивте вие од вашите искуства?

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
За бабите што чуваат внуци, еден медал ќе ве молам! Ако вашето дете има баба која го сака подеднакво силно како и вие, тогаш вие сте...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg