Тажно писмо на една мајка: Сине мој, зошто ме заборави?
Сине мој! Ова писмо е од твојата мајка која одамна ја заборави. Срам ми е што ти пишувам. По несигурноста и долгото чекање, го земам пенкалото во рака. Неколку пати претходно се обидов, но солзите ми пречеа.
Неколку пати солзите престанаа, но срцето не ми деозволи. Сине мој! По долго време гледам дека порасна, стана зрел маж и добро ги гледаш работите. Имам една молба, барем да го прочиташ ова писмо, а подоцна, ако сакаш искини го како што го искина и моето срце.
Пред 40 години ми се случи најубавиот ден во животот - докторката ме извести дека сум бремена. Мајките добро го знаат значењето на овие зборови, тоа е мешавна од среќа и радост проследена со немир и многу промени во организмот.
Потоа те носев 9 месеци во стомакот, станував со потешкотии, спиев со големи маки, едвај се хранев и дишев, но и покрај тоа ништо не ја намали љубовта кон тебе. Напротив, од ден на ден таа се зголемуваше сè повеќе. Со нетрпение очекував да те видам.
Те носев, со потешкотии, со болки, но се радував на секое твое движење. Се радував како што повеќе растеше и покрај тоа што мене ми беше многу потешко. Тоа беа долги маки, но подоцна дојде и онаа ноќ кога око не затворив.
Имав толку големи болки што ниту еден збор не може да ги објасни. Неколку пати се соочив со смртта, а потоа се појави ти. Твојот плач се мешаше со мојата радост. Ги отстрани сите болки и рани.
Сине мој, годините минуваа, а јас те држев во раце. Те држев во прегратка, те хранев со моето млеко, останував без сон само за ти да спиеш, уморно те држев по цел ден само за да бидеш среќен и да ја гледам твојата насмевка. Нестрпливо чекав еден ден да побараш нешто а јас да ти го подарам со целото срце. Тоа беше врвно задоволство за мене!
Како што растеше постојано имаше нови желби, кои јас со задоволство и голема радост ти ги исполнував најдобро што умеев и можев.
Штом на тебе ги видов првите знаци на зрелост, знаев дека ќе треба да најдеш сродна душа за тебе, па на сите страни ја барав твојата совршена невеста.
Дојде и денот на свадбата, а мене срцето ми се искина, ми потекоа солзи радосници за твојот нов живот, но плачев и заради разделбата. Колку што се радував дека нема да останеш сам и ќе има кој да се грижи за тебе, толку ми беше тешко и што ќе ме напуштиш. Но, не мислев и дека целосно ќе ме заборавиш.
Минуваа тешки денови и гледам дека веќене си оној кој го познавам. Ме игнорираше и го заборави моето единствено барање и право да те гледам и да ти се радувам.
Деновите минуваат, а јас не те гледам, не го слушам твојот глас. Ја замрзна и заборави личноста која за тебе правеше сè!
Сега барам само малку. Имај ме на ум, стави ме барем на листата со месечни обврски.
Ослабев, ме измори тагата, а и болеста ме престигна. Со тешкотии станувам, со тешкотии се движам, а никој не ми помага. Запомни, ако некој некогаш ти пружи сè, не заборавај да вратиш барем дел од тоа.
Јас? Јас бев твој верен слуга, а ти заборави сè.
Сепак, кога и да слушнам нешто ново за тебе се радувам затоа што ти си мојата среќа. Само се чудам, каков грев ти направив што не сакаш ниту да ме слушнеш? Дали некогаш сум ти го скратила тебе тоа право?
Го знам одговорот. Затоа покажи малку милост кон мене, дај ми го само она што го заслужувам.
Сакам само да те видам. Ништо повеќе од тоа. Срцето ми плаче, а солзите сами течат. Ти го продолжуваш животот без мене. Не ми останува ништо освен гласините кои на секој чекор допираат до мене.
Сине мој! Зарем не дојде време твоето срце да се смилува за единствената старица која ја убива чекањето? Ги уништи сите нејзини чувства, го разлути нејзиното срце до таа мера што солзите почнуваат да се сушат на изнемоштеното лице.
Не се жалам и не се молам против тебе, не ја покажувам својата лутина. Доколку мојата тажна судбина те престигне, верувај дека ќе те облее студена, црна несреќа. Но не, никогаш не се молам за твојата тага или за твојата болка.
Верувај сине мој, косата започнува да ти станува седа, ќе поминат годините и ќе остареш, а наградата ќе биде толкава колку што си заслужил. Ќе му пишуваш на твојот син во солзи, исто како и јас сега.
О, сине мој! Моли се за твојата мајка, запри ѝ ги солзите, израдувај ја во сета оваа несреќа.
А потоа? Ако сакаш искини го нејзиното писмо.