10 искрени детски заповеди
Тие се посебен дар, ценети ги и тогаш кога најмалку заслужуваат. Ова е само дел од десетте детски заповеди, кои доколку имаат шанса и можност веднаш би ви ги упатиле.
Не занемарувајте ги нивните потреби, следете ги овие 10 правила:
1. Моите раце се мали, ве молам не очекувајте од мене совршено да го спремам креветот, да цртам совршен цртеж или да знам да фрлам топка... Моите нозе се кратки, ве молам забавете за да можам да бидам во чекор со вас.
2. Моите очи не гледаат како вашите, пуштете ме малку да истражувам. Не ограничувајте ме беспотребно.
3. Работата е секогаш тука, а јас ќе пораснам додека трепнете. Затоа, одвојте време за да ме поучите за она што ме опкружува.
4. Моите чувства се нежни, ве молам имајте разбирање за моите потреба. Не ме критикувајте по цел ден, однесувајте се како што би сакале јас да се однесувам кога ќе бидам на ваша возраст.
5. Јас сум посебен дар. Ве молам ценете ме онолку колку заслужувам. Пуштете ме да бидам одговорен за она што го правам. Водете ме и учете ме со љубов и трпение.
6. Ми треба вашата поддршка кога растам и се развивам. Внимавајте како ме учите.
7. Пуштете ме сам да одлучувам за себе. Допуштете ми да згрешам, за да можам да научам.
8. Ве молам не правете ништо наместо мене. Тогаш се чувствувам дека не сум ги исполнил вашите очекувања. Знам дека е тешко, но ве молам не ме споредувајте со моите браќа, сестри и врсници.
9. Не се плашете да отидете на викенд без мене. Понекогаш и мене ми е неопходен викенд без родители. Освен тоа, сакам да видам дека вашиот брак е важен и посебен.
10. Ве молам, сакајте ме и тогаш кога ќе ги изневерам вашите очекувања!