Детски игри кои никогаш не ги надраснавме
Ретко кој ќе ви каже дека не го сака звукот или чувството на балончињата од кесите под прстите.
Новото истражување покажало дека огромен број од веќе возрасните лица сакаат да им се враќаат на детските игри, додека некои го прават тоа сосема несвесно.
Ова се детските активности кои никој никогаш не ги прераснал:
1. Бушењето на балончиња од заштитните кеси
2. Газење во длабок, нерастапкан снег
3. Гледањето на цртани филмови
4. Шутирањето на есенски суви листови
5. Лижење на лажицата со остаток од благо тесто
6. Правењето Снешко Белчо
7. Нишање на лулашки
8. Правење смешни гримаси, како доказ дека некој лаже
9. Учествување во водена борба или удирање со топки снег
10. Возење на количките во луна парк
Во колку се пронајдовте?