15 бесплатни нешта кои можете да си подарите себеси
Сигурно многупати сте слушнале дека најдобрите работи во животот, всушност не се работи.
Тоа се посебни нешта кои не се материјални и физички туку се нешта кои можете да ги почувствувате или да ви се случат и да сфатите колку посебно нешто добивате.
Повремени грешки
Грешките се сигурни и мора да ви се случат. Затоа немојте да се плашите бидејќи така можете многу работи да пропуштите. Енергијата која ја користите за да спречите некои грешки, користете ја за уживање во животот. Чувствувајте се удобно во ситуации кога треба да пробате нешто ново. Тоа може да ве одведе на места за кои не сте ни сонувале.
Охрабрувачки зборови
Зборовите се моќни. Тие можат да ве издигнат или да ве уништат. Затоа паметно одбирајте ги зборовите кои си ги упатувате себе. Нека бидат позитивни и нека ве водат напред, а не во очај.
Чаша наполнета со вистинските нектари
Не се работи само за тоа дали чашата е полупразна или полуполна. Важно е што има во чашата. Исполнете ја со оние нешта кои ви одговараат вам: добри пријатели, семејство кое ве сака, сништа кои сакате да ги остварите и добрите дела за другите. Бидејќи единствено полошо од тоа да ви е чашата полупразна, е да биде исполнета до врвот со непосакувани нешта и да сфатите дека на крајот на денот, нема што да ја згасне вашата „жед“ за убав живот.
Уживајте во она што го имате
Со други зборови, уживајте во возењето додека се возите. Размислувајте позитивно, бидете позитивни и позитивни работи ќе ви се случуваат. Не го уништувајте она што го имате, посакувајќи нешто што немате. Уживајте во она што го имате денес и потсетете се дека некогаш и тоа било на листата на желби кои сте ги посакувале.
Слобода да не се извинувате за она што навистина сте
Тешко е постојано да носите маска, а една од најтешките работи е постојано да се преправате нешто што не сте. Никој не е идеален и затоа оној кој се обидува да стигне до тоа само си го троши времето. Затоа бидете она што сте со сите грешки и непријатности кои тоа ги носи со себе. Дури и најголемите уметнички дела го отсликуваат несовршенството. Подобро бидете смешни отколку досадно смешни, обидувајќи се да бидете како сите останати.
Смисла за хумор
Хуморот лечи и е најдобар сојузник во борбата со малите проблеми со кои е исполнет сечиј живот. Смејте се почесто и на ваша и на туѓа сметка. Така барем накратко ќе заборавите на проблемите или ќе ви бидат поподносливи.
Стабилност и љубов во домот
Стабилниот дом е основата врз која го градите остатокот од успехот. Потсвесно на сите нас ни е потребно да знаеме дека имаме семејство како главно нешто во кое можеме да веруваме. Голем дел од стабилноста во домот е верноста кон партнерот. Во секоја интимна врска, се бара многу повеќе од вашето тело. Вклучува очи, ум, срце и душа. Негувајте ја својата сексуалност секојдневно и посветете ја во целост на оној кој го сакате.
Препуштете се на неограничената фантазија
Во денешното брзо време, животот се менува сè побрзо и побрзо. Светот веќе утре не личи на она што бил денес. А луѓето со бујна фантазија се оние кои ги прават промените.
Надеж
Сетете се дека ноќта секогаш е најтемна пред зората. Никогаш не ја потценувајте моќта на вашата волја да живеете и после некоја загуба, да сакате, бидејќи сте биле повредени или да станете после падот. Иако вашите проблеми ви се чинат преголеми или претешки, можеби се тука за да ви ја покажат светлината која се раѓа на хоризонтот.
Верба
Вербата го крева вашиот поглед на светот и на вашиот живот. Со верба можете сè, бидејќи знаете дека сте нешто повеќе од крв и месо, дека имате срце, душа и волја.
Отворен поглед
Секој што го знаете или кој ќе го запознаете знае нешто што вие не знаете и секој може да ве научи нешто. Ако вашите очи и ум се отворени ќе можете да разберете многу можности кои се наоѓаат околу вас, да се откриете себе и според сопствената интуиција да избирате како ќе продолжите понатаму.
Константно учење
Вие сте резултат на она што го знаете. Затоа, развивајте ја и одржувајте ја страста за учење. Тоа е поинакво од вообичаеното учење во училиште . Постојано читајте, анализирајте, истражувајте и прашувајте. Разбудете ја и задоволете ја љубопитноста. Со други зборови, сакајте го процесот на учење.
Позитивен карактер
Лутината може да привлече внимание, но сама за себе лутината не е добра. Вдишете длабоко и потсетете се себеси дека ќе бидете многу поефикасни ако останете мирни, со позитивен став кон проблемите со кои се соочувате. Немојте да дозволите да ве обземе непродуктивноста. Бидете свесни за својата лутина и фокусирајте се на позитивните нешта кај себе. Сигурно ќе си извлечете насмевка.
Секогаш давајте сè од себе
Не се жалете за нешто на што можете да влијаете, туку преземете ги работите во свои раце. Потрудете се најмногу што можете, бидејќи сè што е помалку прави да се лажете сами себе. Оние кои најмногу добиваат во животот се оние кои и најмногу даваат. Пронајдете го она што ве исполнува и сконцентрирајте се на тоа, најдобро што можете.
Бидете промената која сакате да ја видите
Среќата, слободата, мирот во мислите се постигнува со тоа што истото ќе му го дадете на другиот, без очекување за возврат. Единствен начин да го подобрите вашето расположение е да го подобрите расположението на другите луѓе и светот околу вас. Радоста ја чувствуваме кога и на другите им причинуваме радост. Сè што ви е потребно, можете да го имате. Насмејте се од срце и уживајте во овој момент.