На зајдисонце во Скопје... (фото)
Раздвижено, а сепак мирно. Тивко, а сепак бучно. Пулсот на Скопје на зајдисонце. Период од денот кога може да се почувствуваат емоциите на градот.
Улиците полни, но сепак не преполни. Кафулињата дишат со попладневните кафе – трач муабети. На плоштадот по некој случаен минувач. Скопското Кале го чува градот.
Мистериозно разменување погледи и насмевки, се кројат приказните додека градот се збогува со сонцето и ја пречекува вечерта.
Го сакам скопското зајдисонце затоа што доколку заборавите на сè и уживате во моментот навистина ќе се чувствувате подобро.
Сакам да го уживам Скопското зајдисонце од високо и мирно место, од падините на Водно.
Сакам да го споделам зајдисонцето со најблиските.
Едно е Скопје, вредно да си го сочуваме, затоа што тоа ги чува сите наши спомени.
Фото: Мартин Саровски