Прекрасна приказна: 4 сина и 1 единствена ќерка

Првиот ден од бракот, мажот и жената одлучиле да не примаат гости во својот дом и на никој да не ја отвораат вратата. Тој ден дошле родителите на мажот во посета, стоеле пред вратата и чекале да им отворат.

prekrasna-prikazna-4-sina-i-1-edinstvena-kerka-01

Мажот и жената се погледнале, тој посакал да им отвори врата, но бидејќи имале договор не го направил тоа, па родителите си заминале.

По некое време, истиот ден, на посета дошле и родителите од женската страна. Се погледнале и помислиле на договорот кој го имале. Но, наеднаш жената започнала да плаче: „Не можам да им го направам ова на моите родители...“ и ја отворила вратата. Мажот тивко стоел и молчел.

Годините минувале, а тие добиле четири сина. Петтото дете кое го добиле било девојче. Кога таа се родила таткото организирал голема, незаборавна веселба.

По веселбата неговата жена зачудено го запрашала зошто толкава веселба за нивното петто дете, а за ниту едно од претходните четири.

Сега гордиот татко едноставно и одговорил: „Затоа што само таа ќе ми ја отвори вратата, дури и кога нема да смее...“

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе и ќе посакуваш таа да живееше подолго Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе. Еден ден ќе посакуваш таа да живе...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg