Стив Џобс: Сонувај на големо, но започни од малите нешта

Понекогаш животот те удира со цигла во главата, но немој да ја изгубиш вербата. Уверен сум дека единственото нешто што ме водеше низ животот беше тоа што го сакав и го работев.

stiv-jobs-sonuvaj-na-golemo-no-zapocni-od-malite-nesta-01

Мораш да го пронајдеш она што го сакаш. Тоа важи и за работата и за љубовниците. Кариерата секогаш ќе ти завзема голем дел од животот и единствен начин да бидеш навистина задоволен е да го работиш она што веруваш дека е сјајно. Само ако го сакаш она што го работиш, можеш да завршиш одлична работа.

Ако сè уште не си го пронашол она што те исполнува, продолжи да трагаш. Немој да се сокриваш. Како и во сите ситуации кога срцето одлучува, ќе знаеш кога ќе ја пронајдеш. И како во прекрасна врска, ќе биде сè подобро и подобро како што годините ќе минуваат. И затоа барај ја додека не ја пронајдеш. Не се смирувај прерано.

Не дозволувајте да ве фатат во стапица, односно да живеете според туѓите резултати кои другите ги постигнале. Не дозволувајте туѓите мислења да го задушат вашиот внатрешен глас. Интуицијата ќе ве води до брилијантни резултати. Сè останато е секундарно. Останете гладни. Останете детинести.

Лошиот работодавач не смее да ја убие вашата кариера

Ако работите работа која ја сакате, а ја работите во лоша фирма, тогаш дури и најдобриот повик може да се претвори во мачење заради токсичната работна средина. Најдобро е да ја напуштите фирмата, но не и кариерата. Никако не откажувајте се од она што го сакате и во што сте одлични!

Ако и пристапите на работата како на игра, ќе бидете восхитени

Побарајте работа во која ќе се забавувате. Најсреќни се луѓето кои на работата и пристапуваат како на игра. Подеднакво интересно е да бидеш и столар и дизајнер, важно е само да ги разбудиш твоите таленти и да ги следиш. Успехот нема да изостане. Алтернатива е да работиш за плата, без чувство на восхитеност, кое ги следи креативците.

Во работата преживуваат само оние кои не се откажуваат лесно

Животот е полн со препреки, а работата е голем дел од животот кој исто така не е совршен. Преживуваат само оние кои не се откажуваат и кои секогаш пронаоѓаат начин да ја „прескокнат оградата”. Во ситуациите кога ја работите работата од соништата, а имате шеф од пеколот, важно е да го давате најдоброто од себе.

Од секретар до директор ве делат само неколку чекори

Сонувајте на големо, а започнете со мали чекори. Замислете си каде се гледате за 5 години, а потоа и за 10. Може да фантазирате и додека седите на столчето во функција на секретар. Но, за да не останете на тоа столче потребни ви се конкретни чекори - усовршување, докажување, прекувремена работа, храбри идеи и посветеност на работата која ја сакате.

Стручните лица имаат голем број на интереси

Ширете го спектарот на интереси, бидејќи никогаш не знаете каде ќе ви се пружи прилика. Тоа интересирање за различни нешта на Стив Џобс го создаде првиот Макинтош - компјутерот кој имаше прекрасна типографија.

Сопственото жртвување е поттик за животните успеси

Единствениот начин да успеете е да бидете брилијантни во она што го работите. Ништо помалку не е доволно. Ако не се обидувате доволно упорно, ништо нема да добиете.

Извадок од легендарниот говор
на Стив Џобс од 2005 година

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg