Вредни животни лекции кои секогаш ги забораваме
Многу пати сте се фатиле како теоријата ја знаете, но во животот тешко е да ја примените? За такви важат и овие неколку животни лекции и совети кои сепак вреди да се обидете да ги реализирате.
Никогаш не заборавајте...
- Најдобра одмазда е да продолжите понатаму кога сите очекуваат дека ќе и се вратите на несреќата. Не им го дозволувајте задоволството на другите да ве гледаат како патите.
- Не мора да се сложувате со сите, ниту пак сите мора да ве сакаат.
- Животот е како леќа од фотоапарат. Фокусирајте се само на она што е важно и што совршено може да го дофатите.
- Уживајте во лекциите кои сте ги научиле од своите грешки.
- Ова е ваш свет. Обликувајте го како што сакате или некој друг ќе го направи тоа наместо вас.
- Не се преправајте дека сте некој кој не сте.
- Осудувањето на другите личности не кажува многу за таа личност, туку многу повеќе кажува за вас.
- Никогаш немојте да се жртвувате себе си само за да му се допаднете на некој друг.
- Зборувајте ја вистината, дури и тогаш кога гласот ви трепери.
- Животот е премногу краток за да се каете штом се разбудите.
- Потсетувајте се себе си дека е сосема нормално да не бидеш совршен.
- Опуштете се, на крај сè ќе биде во ред!