Совршена жена
Студентите заинтересирано го запрашуваат својот професор: „Вие сте мудар и искрен, сите ве сакаат и почитуваат. Но, и покрај се, не интересира зошто се уште не сте оженет?“
Професорот, затекнат од ова прашање, на почетокот се мислел, но потоа почнал да зборува:
„Видете, јас отсекогаш ја барам совршената жена. Во оваа потрага пропатував низ многу земји. Еднаш се заљубив во една преубава девојка. Беше неверојатно убава. Ниту еден маж не можеше да одолее на нејзината убавина. Но, за жал, нејзината душа немаше таква убавина, па после некое време нашите патишта се разминаа. Потоа сретнав уште една девојка. Таа беше и паметна и убава и образована. Но, за жал, нашите карактери беа тотално различни и нашата врска не успеа.
Од тогаш запознав уште многу прекрасни жени, но јас се уште ја барав онаа својата совршената.“
„И што се случи, зарем никогаш не сретнавте таква?“
„Да, ја најдов. Еден ден се појави баш таа: Совршената жена – паметна, убава, елегантна, добра, образована, амбциозна...едноставно совршена!“
„И тогаш се ожените?!“ – воодушевено и нестрпливо во еден глас го запрашале студентите.
„Не! На мое големо разочарување, се покажа дека таа бара совршен маж!“